Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша
Економија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

07/12/2024

AA

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ТРЕБА ДА ЈА ДОГОВОРАТ СИНДИКАТИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ

Ако газдите и работниците договорат минималец од 450 евра, Владата ќе прифати.

Според премиерот Христијан Мицкоски работодавачите и работниците треба да се договорат околу минималната плата. 

„Од аспект на централниот Буџет, колку е поголема минималната плата, толку поголеми приходи ќе има во Буџетот, но ние не сакаме да се мешаме. Ќе ги оставиме двете страни да се усогласат, што можат едните, а што другите да прифатат“, изјави премиерот. 

НАСИЛНИОТ УЧЕНИК ЌЕ СЛЕДИ ОНЛАЈН НАСТАВА

Учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје го прекинаа бојкотот и од вторник се враќаат во редовна настава, јави Сител телевизија, повикувајќи се на информации од Советот на родители.

Денеска во училиштето бил присутен тим составен од страна на Центарот за социјални работи за разрешување и следење на состојбата со актуелниот проблем со третоодделенецот којшто имал насилно поведение. 

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА ЛИЦАТА КОИ ПАЛЕА ЗНАМИЊА

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против четири лица кои на 28 ноември го палеа македонското, односно албанското знаме во различни случаи.

Според ОЈО,тие со своите дела предизвикале омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

За четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители побарале од Основниот кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка. Тројца од нив го палеле и кинеле македонското, а четвртиот го запалил албанското знаме.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Само два пати во последните шест месеци се случило тендер за снабдување со струја на  државни институции или јавни установи да добие компанија што ќе понуди провизија пониска од 4%. И во двата случаи понудувач била истата компанија – РЕС.

Покрај тоа што Владата и Дирекцијата (ТИРЗ) одобруваат субвенции и државна финансиска помош по разни основи за инвеститорите во слободните индустриски зони во земјата, висока сума на средства се троши и за изградба и одржување на самата инфраструктура.

Лицата на возраст над 55 години, како и оние над 60 години кои имаат само неколку години до пензионирање најтешко можат да најдат нова работа во случај да станат невработени.

Осигурителното брокерското друштво АМ Брокер, кое досега било во доминантна сопственост на Тони Лукановски и Зоран Василевски, сега има нов главен „газда“, а тоа е компанијата „Аутомакедонија“. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy