Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски кажа дека во буџетот нема пари за субвенционирање на придонеси за плати
Економија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски кажа дека во буџетот нема пари за субвенционирање на придонеси за плати

06/03/2025

AA

ВО БУЏЕТОТ НЕМА ПАРИ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ЗА ПЛАТИ

Власта го одби синдикалниот предлог за минималец од 500 евра. 

Велат дека субвенционирањето придонеси би го исцрпело буџетот и би ги намалило парите за инвестиции, за изградба на патишта, школи, градинки. Само ако работодавачите се согласни во целост да ги платат придонесите на 30.000 минимална плата, во тој случај за премиерот Христијан Мицкоски предлогот е прифатлив.  Тој вели дека на следната владина седница ќе се формира Комисијата, која ќе ја потврди репрезентативноста на ССМ.

Од СДСМ обвинија дека премиерот Христијан Мицкоски има пари да рента авион до Будимпешта, а нема за минимална плата од 500 евра. 

Велат дека Мицкоски „ја прокоцкал и последна шанса да покаже минимална почит кон граѓаните и трудот на работниците кои живеат многу тешко и едвај врзуваат крај со крај“.

ОСУДЕНИ СЕ НАПАЃАЧИТЕ НА ПЕНДИКОВ

По 8 месеци затвор добија напаѓачите на Христијан Пендиков во Охрид.

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени на по 8 месеци ефективна казна затвор за нанесување тешка телесна повреда, но за судот, мотивот „омраза“ не е докажан, изјави адвокатот на Пендиков за БТА.

Пресудата е донесена по нешто повеќе од две години откако беше закажано првото рочиште за случајот – тепачката што се случи во вечерните часови на 19 јануари 2023 година пред ресторан во Охрид.

ПАЛЧО ТВРДИ ДЕКА ВО МОМЕНТОТ НА УБИСТВОТО БИЛ ВО БАНКА

Ловечка пушка, патрони и куршуми, но не и пиштолот со кој е пукано во малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски се пронајдени во домот на Боре Видески, еден од петтмината обвинети за срашното злосторство кое ја потресе цела земја. 

Првообвинетиот, Љупчо Палевски Палчо се брани со помош на сметки од банки, а се уште нема податоци од телефонот каде бил во моментот на убиството на двете жртви. 

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ СЕ СРЕТНАЛ СО ГРУЕВСКИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за време на престојот во Будимпешта, каде се одржа меѓувладина седница, изјави дека не се сретнал со поранешниот премиер Никола Груевски, но дека средби остварувале поранешни функционери на СДСМ и ДУИ.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се сретнал со Груевски во Будимпешта, но и за придобивките кои ги има земјава од заедничката седница и посетата таму, рече дека таква средба немало, а доколку има јавноста ќе биде информирана, бидејќи води транспарентна политика.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Минатата недела пишувавме како Словенија ги упатува возрасните на општокорисна работа поради тоа што сториле прекршоци, но од словенечките институции ни појаснија и какви мерки преземаат и за малолетниците.

Намалување на приходите поради прераспределба на дел од средствата од основниот буџет имало во Оперативно-техничката агенција (ОТА) во текот на минатата година, но и раст кај самофинансирачките активности.

Градски трговски центар – Скопје ги зголеми приходите за 4 отсто во текот на 2024, објавено е на платформата на „Македонска берза“. 

Блок трансакција со акциите на најголемиот нафтен дистрибутер во земјава, „Макпетрол“, се случи вчера на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Голем бизнис носи големи приходи. Билансот на успех на скопската рафинерија ОКТА покажува зошто деловната активност со нафтени деривати се смета не само за профитабилна, туку и за навистина моќна дејност.

„Макстил“ и 2024 година ја заврши со добивка и тоа е најважната и најубата вест. Успеа да го зголеми извозот кој предизвика раст и на оперативните расходи. Но успеа и да го намали краткорочното кредитно задолжување. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy