Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија и Британија наскоро ќе го потпишат стратешкиот договор, опозицијата има прашања за заемот
Економија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија и Британија наскоро ќе го потпишат стратешкиот договор, опозицијата има прашања за заемот

20/05/2025

AA

МАКЕДОНИЈА И БРИТАНИЈА НАСКОРО ЌЕ ГО ПОТПИШАТ СТРАТЕШКИОТ ДОГОВОР

Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Метју Лосон во гостување на Сител најави дека македонската делегација предводена од вицепремиерот Александар Николоски неделава ќе го потпише Стратешкиот договор на свечена церемонија. Aмбасадорот информацијата ја објави и на X. 

„Се радувам што ќе го придружувам заменик-премиерот Александар Николоски и делегацијата на Владата на церемонијата на потпишување која ќе се одржи во Лондон оваа недела“, објави Лосон. 

СДСМ БАРА ДЕТАЛИ ЗА ЗАЕМОТ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната конференција за печатот изјави дека новото задолжување не само што е економски сомнително, туку и политички антиевропско.

Вели дека станува збор за два договора: еден во делот на стратешката соработка и еден за заем од Обединетото Кралство. 

„Стратешкиот договор со Велика Британија го поддржуваме, но ваквиот начин на заем, за вакви проекти, дефинитивно ја бележи оваа Влада како антиевропска“, рече Филипче.

TИМ ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА СОСТОЈБАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ

Tим oд специјалисти од утре ќе ја утврдува состојбата на секој пациент повреден во пожарот во Кочани и потребата од натамошна рехабилитација и помагала. 

Станува збор за специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија. Тие ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница – Кочани на сите пациенти вратени од странство и третирани во Македонија по трагедијата со пожарот. Целта е, како што објасни денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, да се утврди состојбата на секој пациент одделно и потребата од натамошна рехабилитација, нега и помагала.

ВЕДАТ АДЕМИ ПОЧИНАЛ ОД НЕКРОЗА НА СРЦЕВИОТ МУСКУЛ

„32-годишниот Ведат Адеми починал од некроза на срцевиот мускул“, стои во Извештајот на Институтот за судска медицина во Скопје. Информацијата ја објави ТВ 21, повикувајќи се на емисијата Инсајд21. 

Како што пишува ТВ21, емисијата Inside21, ексклузивно го обезбедила извештајот од обдукцијата, во кој не се пронајдени докази дека починатиот Адеми починал поради алергија на аналгин, како што тврделе членовите на семејството. Според нив, на 17 март во болницата во Куманово, неговата состојба нагло се влошила веднаш по примањето на инфузијата во која била додадена и ампула аналгин, како терапија против болки.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На Светскиот ден на семејната медицина, лекарите алармираат, ја носиме тежината на системот, а работиме во услови што одвраќаат млади лекари и го закочуваат квалитетот на грижата.

Ако ги погледнеме статистичките податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС), бројот на превезени патници во такси превозот во 2024 година се зголемил во однос на 2023 година, но во помалите македонски градови, такси воопшто нема и луѓето се снаоѓаат како знаат и умеат.

Денеска нема да се дознае кој ќе биде предлогот на претседателката Гордана Силјановска Давкова за нов кандидат за гувернер на НБМ, односно тој нема да биде доставен до Собранието, дознава Фактор од свои ивори. 

Скопската бизнис “Примера лига“ ја сочинуваат речиси триесет компании кои лани успеале да генерираат приходи од барем 100 милиони евра. Ова е доволно силен аргумент за секој да може да сфати колку е битен и влијателен главниот град за економските текови во Македонија…

Трилерот во Врховен суд се претвори во хорор филм за „Скопски пазар“. Дали одбиеното барање за изземање на судија известител се трансформира во негово барање за изземање од предметот за „Скопски пазар“? 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy