ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има реакции за цените на храната, Бесими вели нема промени за основните производи
НАРОДОТ Е РЕВОЛТИРАН ОД ПОКАЧУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА
Со соопштение околу цените по промените кај ДДВ, што сдоздаде огромна неизвесност и револт кај граѓаните, се огласи Министерството за финансии.
Оттами тврдат дека основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните ќе се и понатаму оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ, односно нема промена и таа останува на 5 отсто како што тоа е предвидено со Законот за Данок на додадена вредност и поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ која Владата ја донесе на 28 септември, а која стапува на сила од денеска. Донесените одлуки нема да влијаат на пораст на крајната цена на основните прехранбени производи.
На брифинг со медиумите, министерот за финансии, Фатмир Бесими кажа дека листата на производи опфатени со Одлуката била долго време на расправа и на увид кај засегнатите страни, досега немало реакции, но можни се пропусти кај мал број артикли.
Замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази ќе бидат дополнително оданочени.
Зголемувањето на стапката на ДДВ за прехранбените производи од 5 на 10 отсто според директорката на „Фајненс тинк“, Благица Петрески ќе има свое влијание и затоа препорачува ревидирање.
OБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА НЕГУВАТЕЛКАТА ОД ВЕЛЕШКАТА ГРАДИНКА
Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас за да се проверат информациите дека негувателка во детската градинка „Димче Мирчев“ Велес им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.
„Во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање на дејствија кои вклучуваат да се извршат разговори со лица (вработени и родители) кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот. Се преземаат и други дејствија, а предметот е во фаза на предистрага“, информираат од ОЈО.
ДУИ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ
ДУИ попладнево објави статус на социјалните мрежи со кој на обложувалниците им се закани „дека ќе им го сруши монополот“ и дека во иднина „нашите деца ќе останат подалеку од нив“.
Според владеачката партија, со новиот Закон за игри на среќа што чека да биде изгласан по скратена постапка, со оддалечување на обложувалниците на 500 метри од училиштата, аштитува и спречува малолетници, како што пишува министерот за политички систем, да се вклучат во коцкање.
Како што се огласија од ДУИ, со новото законско решение се зголемува сумата која се бара за потребните лиценци и со тоа ќе се зголемат средствата во буџетот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Државната пошта на тендер избра фимра на која ќе плати 1,2 милиони евра за чистење и одржување хигиена за период од две години.
Владата подготвува нов повик за избор на универзален снабдувач со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи во земјата, бидејќи следната година му истекува петгодишниот договор на ЕВН.
Во последниов период значајно порасна интересот за акциите на ТТК Банка. Иако влегува во категоријата на мали банки, ТТК е исклучително профитабилна, и е главната „златна кокошка“ на тетовскиот комбинат „Тетекс“, кој, пак, од пред неколку години се откажа од основната дејност, односно текстилот, но остварува сосема солидни приходи токму од работењето на оваа банка.
Настинките веќе наголемо виреат насекаде. Разни вируси се шират, а повторно се активираше и алармот за корона вирус. Очекувано со доаѓањето на есента, да се зголемат бројките и да се воведат повторно заштитни мерки како превентива во здравствените установи.
По извештајот на Државниот завод за ревизија дека во Клиничката болница Битола со години стои неупотребуван акцелератор, апарат наменет за болните од карциноми, во јавноста не стивнуваат коментарите во насока дека ова е уште еден голем удар во македонското здравство, особено по случајот со Клиниката за онкологија.
foto freepik.com/nomadsoul1