Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ДЕНОТ: Функционерите почнаа да примаат за 78 отсто покачени плати
Економија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Функционерите почнаа да примаат за 78 отсто покачени плати

03/05/2023

AA

ФУНКЦИОНЕРИТЕ ПОЧНАА ДА ПРИМААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ

„Легнаа“ повисоките плати за околу 1.000 функционери. Покачувањето е за 78 отсто. Најголемо зголемување има за спикерот Талат Џафери, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. 

ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ РАБОТА ЗА ЛЕКТОРИТЕ

Владата на денешната седница го разгледа и утврди текстот на Предлог на закон употребата на македонскиот јазик.

Од таму посочуваат дека новопредложениот Закон, според предлагачот, Министерството за култура, се заснова на: подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо; афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација; почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во оваа насока.

ТАТКОТО НА АЛИ МАХМУТИ НЕ ДОЗВОЛИ АХМЕТИ ДА СТАВИ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА СИН МУ

Таткото на Али Махмути не дозволи лидерот на ДУИ, Али Ахмети да стави цвеќе на гробот на неговиот син во селото Слупчанe, пренесоа медиумите на албански јазик. Станува збор за лице загинато во 2001 година. Во коментарите луѓето го нарекуваат Ахмети предавник и човек кој е жеден за власт. 

На церемонијата за одбележување на почетокот на конфликтот во 2001-вата во Слупчане денеска се појави и  Ахмети.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ОКТА, најголемиот снабдувач на горива во Македонија, одлучи добивката од 9 милиони евра за 2022 да ја реинвестира во производство на електрична енергија, објави компанијата во својот отчет пред Македонска берза.

Намалена добивка за близу две третини во однос на истиот период лани.  Чоколадната фабрика „Европа“ го објави финансискиот извештај за првиот квартал од годинава, кој покажува дека во првите три месеци тоа акционерско друштво остварило нето добивка од над 101 илјади евра, што е намалување за цели 68 отсто во однос на истиот период од минатата година. Имено, во првото тримесечје лани добивката на „Европа“ изнесувала 322 илјади евра. 

Нето дивидендата по акција изнесува 2.188 денари и на последната пазарна цена тоа е принос од 7,6 отсто, неспоредливо поконкурентен од другите акции на нашиот пазар на капитал. Токму приносот што го носи таа акција и кој ќе биде исплатен за помалку од 60 дена од сега е „атомско гориво“ во кое, во периодот што следи, само небото ќе биде лимит за пазарната цена на акцијата на НЛБ Банка.

Еден од најпознатите македонски специјалисти, ортопедскиот хирург д-р Виктор Камнар, по подолги преговори, прави трансфер од Универзитетската Клиника за ортопедија и ќе премине во приватната клиничка болница „Аџибадем Систина“.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека за месец и половина ги добиле решенијата за пензија, а некои чекале и по три месеци за истото.

Бизнисот веќе одамна не се базира само на тоа како нешто да се произведе, и овој факт на сите ни е добро познат. Продажбата и начинот како тој производ или услуга да допре и анимира што повеќе луѓе, и не само на еден мал и ограничен простор, туку многу пошироко, е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат компаниите во денешното бизнис опкружување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy