Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ДЕНОТ: Да се зголеми минималецот на 500 евра или ќе има генерален штрајк
Економија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Да се зголеми минималецот на 500 евра или ќе има генерален штрајк

04/03/2025

AA

ИЛИ МИНИМАЛЕЦ ОД 500 ЕВРА ИЛИ ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија,на денешната прес-конференција рече дека функционерите од овој месец ќе добијат повисоки плати согласно пресметката за просечната плата во 2024 и им порача да го прифатат предлогот за минимална плата од 30.000 денари.

– Ако некој еднострано одлучи да ја отфрли иницијативата за зачувување на животниот стандард на работниците, ние можеме да донесеме еднострана одлука за штрајк,се закани лидерот на ССМ.

Побара до средината на март да има почетен разговор на ниво на Економско-социјалниот совет, за сметководителите да имаат време да ја пресметаат мартовската плата. ССМ бара на редовното зголемување на минималната на плата од 24.400 денари, да се додадат уште 6.000 денари,со тоа што за таа разлика работодавците да не ги плаќаат социјалните придонеси. 

МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ВО ПОСЕТА НА УНГАРИЈА

Во рамките на дводневната посета на унгарско-македонскиот владин самит, кој се одржува во Будимпешта, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари билатерална средба со Тибор Наврачич, министер за јавна администрација и регионален развој на Унгарија.

На средбата, двајцата министри разговараа за регионалниот развој, одржливоста на системите за локално управување, децентрализацијата и територијалната организација на двете земји, а споделија и разменија искуства и практики во интерес на подобрување на начините на функционирање на локалната самоуправа на двете земји. 

АПЕЛАЦИЈА ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА НА БОКИ 13

За 4 години e намалена казната на Бојан Јовановски – Боки 13, со што му останаа уште неколку месеци. 

Апелациониот суд во Скопје му ја намали казната затвор за четири години на Бојан Јовановски за случајот „Рекет“. Според одлуката на второстепениот суд, казната му се намали од девет на пет години, па има за доиздржување уште неколку месеци. Одлуката следува по поднесеното барање од одбраната на Јовановски, за преиначувања на одлуката на првостепениот суд, без повторување на постапката. Јовановски претходно бараше, но Кривичниот суд го одби барањето за повторување на судењето.

СДСМ ОБЈАВИ СМЕТКИ ОД ГОЗБИТЕ НА КОЧОСКА И МИЦКОСКИ

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, објави сметки од времето кога министерката Кочоска била директор на финансии на ЕЛЕМ а Мицкоски директор на истата компанија.

„Неморал и аздисаност, СДСМ објави сметки од гозбите на Кочоска и Мицкоски.

Неморалот на Кочоска не е само во навредите и дискриминациите кон жените туку и во аздисаното трошење на народни пари.

Денеска ќе објавиме сметки и фактури од времето кога Кочоска била директор за финансии во ЕЛЕМ а Мицкоски директор на истата државна компанија.

НЕКОЈ ГО ОТКОПАЛ ГРОБОТ НА ЗОКИ ФАЦИ

Блискиот пријател на Зоки Фаци, Стефан Лазаров, објави шокантни информации на фејсбук, дека некој го откопал гробот на починатиот Зоран Василевски.

„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Добивката на „Макпетрол“ за 2024 година е микс на два генератори на приходи. Прво, успешната оптимизација на менаџментот во работата на компанијата што ја зголеми оперативната добивка за 37 отсто во однос на 2023 година. 

Јавното претпријатие „Национални шуми“ се задолжило кај домашна деловна банка со кредит од 130 милиони денари во последните денови од минатата година, за да може да го продолжи своето тековно работење.

Продолжува трендот на намалување на каматите на кредитите кои ги одобруваат комерцијалните банки на клиентите. И последните податоци на Народната банка на Македонија, покажуваат дека има намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити издадени во јануари 2025 година. Притоа утврдено е дека на месечно ниво намалување е 0,09 процентни поени, додека на годишно ниво 0,34 процентни поени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy