Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ако се замрзне цената на лебот, пекарите најавуваат затворање на погоните
Економија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ако се замрзне цената на лебот, пекарите најавуваат затворање на погоните

28/02/2023

AA

АКО ВЛАСТА ЈА ЗАМРЗНЕ ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ, ПЕКАРИТЕ ЌЕ ЗАТВОРАТ

Пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството на леб првиот ден по објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник.

Ова го соопшти Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија по денешната средба на членките на групацијата на која како што беше потенцирано едногласно била донесена одлуката за престанок со работа. 

НАЈГОЛЕМАТА БРУТО ПЛАТА Е 166.000 ЕВРА МЕСЕЧНО

Скопјанец ја имал највисоката годишна буто плата во текот на 2021 година во износ од 122,3 милиони денари. Платата е остварена во дејноста на трговија на големо со производи од тутун. 

Уште еден скопјанец се најде на врвот во категорија највисоката капитална добивка во износ од 130,1 милион денари со продажба на сопственички удел.

Ова го соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска врз основа на собраните податоци од годишните даночни пријави за 2021 година. 

СИТЕ СЕ ПРОТИВ „ЗАЕДНИЦА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ“

Со барањето за „Заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени, вели министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов. 

Тој рече дека барањето на партијата Алтернатива за „поврзување на албанските општини“ е обид за ловење политички поени и повика да внимаваат со таквите изјави.

„Таквите барања можат да влијаат на меѓучовечките односи, кои за среќа се многу постабилни денес и претпоставувам дека граѓаните нема да се поведуваат по такви барања за декомпонирање на државата“, рече Пенов.

Ставот за Асоцијација на албански општини е мој личен, не на партијата, вели генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, за ТВ21.

„За поддршката на Претседателот на партијата за ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за Асоцијација на албански Општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија. Но, за да бидеме прецизни, немало некој состанок во партија за овој став, кој е само мој политички став, потикнат од моите политички и интелектуални yбедувања.“, рече Ибрахими.

НЕВРЕМЕ ВО СТРУМИЦА

Силно невреме ја зафати попладнево Струмица, каде реки вода течат по улиците. 

Порталот Струмица Денес објави фотофрафии и видео. Пишува дека струмичани вакво невреме не виделе со години. И за наредните денови се можни обилни врнежи од дожд во Македонија. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се доствени во Собрание. Предлагачите бараат промените да се изгласаат по кратка постапка, па на предлог измените стои и европското знаменце.

ЦКБ Банка прокнижи профит од 620.000 евра и тоа е резултат на благото зголемување на нето приходите од камати, умереното зголемување на нето приходите од надоместоци и провизии во комбинација со намалените трошоци за резервации за кредити. Резултатите што го објавија сите банки чии акции котираат на берза покажуваат дека генерално расте профитабилноста на банките во услови на исти или умерено зголемени приходи од камати, провизии и надоместоци

За инвестициски кредит кој го зела од една домашна банка, компанијата за крзно „Димко Митрев“ од Велес дала под хипотека и под залог и недвижен имот, но и машини, во вредност од над 1,1 милион евра. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy