Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини
Економија

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

23/05/2024

AA

Арбериа-Десигн,компанијата на Хасим Хамзаи која е во бизнисот со учебници, печатење книги, канцелариски материјал, печатарски услуги, светлечки реклами и друго, и главно се финансира од договори за јавни набавки со институции раководени од ДУИ, се најде на второто место на компании со најголема остварена добивка во Тетово во 2022.

На првото место е Пофикс, компанијата за производство на малтер,кој наедно е еден од најголемите производители на градежен материјал во Македонија за минатата година по остварена добивка. Добивката е зголемена за 794 отсто, иако приходите се намалени за 20 проценти. Има 130 вработени и е во сопственост на Ертан, Аднан и Исреф Мемедали. Компанијата има и две подружници за организирана подготовка и служење на храна и за товарен транспорт.

Од листата на „Фактор“ дури четири компании се занимаваат приоритетно со издавање на недвижен простор – Тетекс, Палма Траде, АД Интерпромет и К-Рент. Сите овие четири компании се меѓу 15-те најуспешни по добивка на ниво на цела Македонија за 2023, кога станува збор за прибирање закуп од недвижен имот.

Во понуденото рангирање има и три бизниси за изградба на „станбени и нестанбени објекти“ – НБ-Цомпану,АК Инвест и Изо Стоне. Меѓу високорангираните е и Банана Кицк на Илир и Емир Шефити во бизнисот со обложување. 

Меѓу првите е „Санмарти“, компанија на Владо Мартиноски од Челопек, кој со 41 вработен има добивка од околу 1,1 милиони евра. Фирмата е специјализирана за опремување (продажба) на бањи и тоалети.  Иако фирмата е од Тетово, главната продажба е во маркетот АКВА БАУ во Скопје, а во главниот град се и двата магацини. 

„Викториа Порој“ за трговија на мало со метална стока, бои и стакло во специјализирани продавници, на Дашмир Халили, со 13 пријавени вработени има направено добивка од 69 милиони денари и тоа од приходи од 216 милиони денари. Компанијата има и централа за електрична енергија во Јегуновце.

Меѓу најуспешните тетовски компании е и парфимеријата Шатци, која продава и во други градови, како и Универзитетот на Југоисточна Европа, инаку во јавно-приватна сопственост.                                                                                                                        А.К.

Извор: Централен регистар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy