Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите – фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите – фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

17/05/2024

AA

Компанија за дизајнирање и принтање на кеси и фолии за амбалажа за прехранбени и други производи кои секојдневно ги гледаме и купуваме во маркетите се најде во Топ-5 листата на фирми од Велес со најголема добивка во Велес.

„Прва Кинга“ (1-ва Книга) е компанија која со приход од 3,83 милиони евра направи добивка од безмалку 1 милион евра, работејќи за прехранбената индустрија. Растот на добивката по една година е 69 отсто. Печатницатата од велешко Башино заедно со уште две подружници во самиот град Велес имала 30 вработени во 2023. Фамилијарниот бизнис е во сопственост на Маринела Андовска Ѓошева, Теодора Андовска Лепојевиќ и Ангел Андовски.

На првото и второто место се во последно време најголемите велешки компании – странскиот инвеститор за автомобилски системи Маркарт Македонија и „Брако“ на „Фероинвест“. Сепак, во однос на една година претходно нивната добивка е повеќе од преполовена.

Странската гринфилд инвестиција „Маркарт“ е супортер во глобалната автомобилска индустрија, а воедно оваа компанија е и најголем вработувач во Велес. Некогашниот гигант од машинската индустрија „Брако“ доживеа реинкарнација под диригентската палка на познатиот домашен бизнисмен Кочо Анѓушев.

На третото и петтото место се две компании на Перо Колевски – фармата за производство на сточна храна „Овчеполка“ и кланицата „Агриа“. Првата освен по одгледување свињи, е позната и по производство на сточна храна и концентрати за прехрана на добиток, а втората е „производител“ и продавач на свинско месо.

Треба да се спомене и тоа што и двете друштва добиваат редовни субвенции од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој од по неколку стотина илјади евра. 

Може да се заклучи дека во Велес и натаму доминираат индустријата и земјоделството како двигатели на локалната економија. А.К.


Извор: Централен регистар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УАПСЕН 26-ГОДИШЕН МАНИЈАК ОД ВЕЛЕС Полицијата му го претресе домот

19/09/2026
Македонија

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Млада возачка удрила во 63-годишен

19/09/2026
Македонија

ИСТЕЧЕ ПЛИН ОД БЕНЗИНСКА МЕЃУ ОХРИД И СТРУГА Дефектот е

19/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦАТА ШТО ЗАПАЛИЈА КАБЛИ НА ДЕПОНИЈАТА

19/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РАСПРОДАВАШЕ ВО ДУБАИ, ВО БУГАРИЈА, А СЕГА ВЕЛИ МАКЕДОНИЈА

19/09/2026
Македонија

ИМА ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА АМЕРИКАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Мицкоски очекува

19/09/2026
Македонија

ПАРАДОКСОТ НА СДСМ Соопштенијата му ги пишува ЧатЏПТ, а се

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ПОЛАГА ДВЕГОДИШНА СМЕТКА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ По отчетот во

18/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45678
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УАПСЕН 26-ГОДИШЕН МАНИЈАК ОД ВЕЛЕС Полицијата му го претресе домот и одзеде разни предмети

19/09/2026

Полицијата уапси 26-годишен манијак од кавадаречко, откако млада велешанка го пријавил дека ја допирал по телото среде улица, „Синоќа во

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Млада возачка удрила во 63-годишен скопјанец

19/09/2026

Млада возачка вчера удрила во 63-годишен пешак на скопската обиколница кај Мирковсци, соопшти полицијата. „На 18.9.2026 во 14 часот во

ИСТЕЧЕ ПЛИН ОД БЕНЗИНСКА МЕЃУ ОХРИД И СТРУГА Дефектот е саниран, нема штети

19/09/2026

Охридската полиција информира дека вчера истекол плин од цистерна на бензинска станица меѓу Охрид и Струга. „На 18.9.2026 година во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy