Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите – фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите – фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

17/05/2024

AA

Компанија за дизајнирање и принтање на кеси и фолии за амбалажа за прехранбени и други производи кои секојдневно ги гледаме и купуваме во маркетите се најде во Топ-5 листата на фирми од Велес со најголема добивка во Велес.

„Прва Кинга“ (1-ва Книга) е компанија која со приход од 3,83 милиони евра направи добивка од безмалку 1 милион евра, работејќи за прехранбената индустрија. Растот на добивката по една година е 69 отсто. Печатницатата од велешко Башино заедно со уште две подружници во самиот град Велес имала 30 вработени во 2023. Фамилијарниот бизнис е во сопственост на Маринела Андовска Ѓошева, Теодора Андовска Лепојевиќ и Ангел Андовски.

На првото и второто место се во последно време најголемите велешки компании – странскиот инвеститор за автомобилски системи Маркарт Македонија и „Брако“ на „Фероинвест“. Сепак, во однос на една година претходно нивната добивка е повеќе од преполовена.

Странската гринфилд инвестиција „Маркарт“ е супортер во глобалната автомобилска индустрија, а воедно оваа компанија е и најголем вработувач во Велес. Некогашниот гигант од машинската индустрија „Брако“ доживеа реинкарнација под диригентската палка на познатиот домашен бизнисмен Кочо Анѓушев.

На третото и петтото место се две компании на Перо Колевски – фармата за производство на сточна храна „Овчеполка“ и кланицата „Агриа“. Првата освен по одгледување свињи, е позната и по производство на сточна храна и концентрати за прехрана на добиток, а втората е „производител“ и продавач на свинско месо.

Треба да се спомене и тоа што и двете друштва добиваат редовни субвенции од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој од по неколку стотина илјади евра. 

Може да се заклучи дека во Велес и натаму доминираат индустријата и земјоделството како двигатели на локалната економија. А.К.


Извор: Централен регистар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy