Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се ТОП 5 македонски рудници? Од продажба наплатија 260 милиони евра во 2024 година!
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се ТОП 5 македонски рудници? Од продажба наплатија 260 милиони евра во 2024 година!

28/05/2025

AA

Источна Македонија има три рударски компании кои располагаат со пет рудници. „Саса“ е прва според приход и профит во апсолутни износи, „Бул Мак 2016“ од Пробиштип има најмногу вработени (804), радовишките рудници заедно имаат поголем приход од „Саса“, а најпрофитабилна рударска компанија е прилепскиот Мермерен комбинат. Нејзината добивка е 47 отсто од приходот лани

Четири мали градови во Источна Македонија и лани создадоа пристојни профити за нивните странски газди. Да, како што претпоставувате, се работи за најголемите македонски рударски компании. Една од Македонска Каменица, една од Пробиштип со два рудници и две компании од Радовиш.

И лани, како и во претходните години, „Саса“ е најбогатата и најголема компанија во македонското рударство. Нејзиниот приход од продажба на олово-цинков концентрат изнесува 92,2 милиони евра. Од тоа како профит на компанијата и останале 13,9 милиони евра. „Саса“ лани вработувала 779 лица и е најголем работодавач во каменичко-пијанечкиот регион на крајниот исток на Македонија.

Македонска Каменица има околу 6.500 жители според последниот попис во 2021 година. Повеќе од 30 отсто од работоспособното население кое живее во тој регион директно или индиректно егзистира од Рудници „Саса“. Но, и покрај тоа Македонска Каменица не е омилено место за живеење, дури и напротив. Стапката на иселување е висока иако рудникот плаќа редовно и пристојно…

Втор на рударската ранг листа според приходи е најмладиот македонски рудник,  кој е во експанзија, а тоа е рудникот за бакарна руда „Боров дол“ од Радовиш. Оваа компанија е наследникот на „Бучим“, која со десетлетија наназад е најголемата радовишка компанија.

„Боров дол“ е всушност новиот коп за бакар на компанијата што години наназад го експлоатира националното рудно богатство – бакарот во тој македонски регион. Приходот на „Боров дол“ лани надминаа 67 милиони евра, а неговата добивка надмина 13 милиони евра. Споредбата со „Саса“ покажува дека „Боров дол“ е најпрофитабилна рударска компанија во Источна Македонија.

Неговата профитна маргина е 19,5 отсто, а таа на „Саса“ изнесува 15 отсто.

„Бучим“ се повеќе паѓа во сенка на помалиот, но веќе посилен брат „Боров дол“. Лани направил приход од 35 милиони евра, а добивката изнесува 5 милиони евра.

Двата радовишки рудници лани заедно вработувале над 650 лица. Од нивните приходи во економијата на градот Радовиш влегле повеќе од 100 милиони евра.

Најстарата македонска рударска компанија, која од 2016 година се вика „БулМак“ (порано „Рудници Злетово“) е со најмали приходи во конкуренција на другите рудници во Источна Македонија. Тоа што во бившата СФРЈ беше синоним за силна рударска компанија втора во тогашната држава, по словеченката општина Целје е само сенка на „Саса“ која создава оловно-цинкова руда исто како и злетовската компанија која под свое освен „Злетово“ го има рудникот во близина на Крива Паланка (поранешна „Тораница“). Ако е за утеха „БулМак“ е најголема рударска компанија во Македонија од аспект на број на вработени лица – 804. Лани „Бул Мак 2016“ има приход од 32,9 милиони евра и добивка од 320.000 евра.

Највисока профитабилност на најмал приход во големата рударска петорка  покажува најголемиот македонски рудник за мермер – прилепскиот Мермерен комбинат. Ова друштво лани имало стапка на профитабилност од 47 отсто колку што од неговите приходи останале како добивка.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44994
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000 евра

13/08/2026

Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, е пуштен од притвор и ќе го очекува почетокот на судењето

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ–ОА) излезе со официјална реакција по повод неодамнешната изјава на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy