Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Фактор анализа“: Кои се македонски бизнис гиганти што прават над 50 милиони евра во три месеци?
Економија

„Фактор анализа“: Кои се македонски бизнис гиганти што прават над 50 милиони евра во три месеци?

14/11/2023

AA

Нема изненадувања на листата на најголеми македонски компании. Најпрофитабилни се банките, а најголеми приходи имаат гигантите од областите на трговија со нафтени деривати, производство на лекови, обезбедување телекомуникациски услуги , покажува анализата на „Фактор“ на достапните јавни податоци за компаниите објавени на Македонската берза за хартии од вредност

Најголема македонска компанија според приходите во летниот период убедливо е „Макпетрол“ гигантот за продажба на мало на нафтени деривати. Дополнително „Макпетрол“ остварува значајни приходи и од продажба на стоки за широка потрошувачка на своите над 130 пумпи ширум земјава.

Во сезоната на летни одмори кога граѓаните најмногу патуваат „Макпетрол“ има најмногу работа. Тоа го покажуваат и неговите приходи. За 92 дена во периодот од почеток на јули до крај на септември оваа компанија остварила над 143 милиони евра приходи од продажба од што најголем дел се од малопродажба на своите бензински пумпи. Добивката на „Макпетрол“ за овој квартал изнесува 6 милиони евра и е поголема од збирната добивка за првите шест месеци годинава.

Втора најголема компанија е македонски фрмацевтски гигант, е „Алкалоид“. Неговите резултати континуирано ги охрабруваат актуелните акционери, но и потенцијалните инвеститори во таа акција. За три месеци „Алкалоид“ според консолидираниот биланс остварил продажба од 69 милиони евра. Добивката за овој период од 92 календарски дена изнесува 8,5 милиони евра.

Трета на листата најголеми според приходите на ниво на последен квартал е телекомуникацискиот гигант „Македонски телеком“ чиј приход за три месеци надмина 50 милиони евра, од кои како добивка за компанијата останаа 10,5 милиони евра.

Најголемата челичарница „Макстил“ е на четврто место и тоа е заради снижувањето на глобалните цени на нивните продукти и полупроизводи. Компанијата објави дека исплатила солидарен данок за ланското работење и тоа ја анулираше нивната квартална добивка.

Трите најголеми банки се убедливо и без конкуренција најпрофитабилните услужни компании во македонската економија. Колку е профитабилен тој бизнис само по себе доволно говори следниот факт: нивниот заеднични нето приход од камати и провизии е половина од приходот од продажба на „Макпетрол“. Но нивната заедничка добивка е 63 отсто од приходите. За споредба кај бизнисот на „Макпетрол“ односно трговија на мало и големо добивката е 4 проценти.

Во групата на најголеми компании според приходите се уште две фирми од градежната индустрија. Едната е „Усје“ која произведува градежни материјали односно пред се цемент и усјемал, а другата е најголемата македонска градежна оператива „Гранит“. Кај цементарницата како добивка во овој квартал останале 30 отсто од приходот од продажба. Наспроти неа градежната оперативна има убедливо најмала добивка од сите ранирани компании односно само 2,5 отсто од приходите.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy