Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?
Економија

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?

16/05/2025

AA

Општина со помалку од 12.000 жители во источна Македонија има фирма за транспорт и трговија со деривати која оствари приход од 141 милиони евра. Во истата општина се стационирани и европскиот гигант за производство на ќерамиди, мега кондиторска индустрија, голема македонска фирма за производство на мебел и високо технолошка гринфилд инвестиција за производство на декоративни садници. Овие шест фирми заедно лани во малата Виница внеле 227 милиони евра

Општина со помалку од 12.000 жители на својата територија има 5 компании кои лани направиле приход вреден 220 милиони евра. Не, овде не станува збор за некое мало место во Швајцарија. Станува збор за македонско градче на истокот располано под падините на Плачковица, познато по родните полиња, историската „виничката афера“ и античките теракоти.

Виница е мала по население, но општина во која работат економски џинови! При тоа вреди да се истакне дека четири од тие пет компании се поседувани од локални бизнисмени од виничкиот крај. И петтата во најголемите винички фирми е домашна, постои повеќе од 70 години, но од пред дваесетина години е во составот на реномиран австриски производител на материјали за кровови.

Ако се види табелата подолу и приходите во 2024 година на малата Виница можат да и позавидат и многу поголеми градови.Општина Виница, по пописот од 2021 година има нешто над 14.000 жители, но реално, таму не живеат повеќе од 12.000 постојано жители. Значаен дел од нив се работно ангажирани во „Макпрогрес“, поранешен „Тондах“ и сегашен „Виенербергер“, „Мебел Ви“ и сега најактуелниот Дади Оил и неговата фирма – мајка „Дади Компани“.

Кочани е поголемиот град во таа котлина. А Виница секогаш земала пример и се угледувала на поголемиот брат. Но во економска смисла работите се променети затоа што виничката економија реално е посилна.

Во Кочани убедливо најголема компанија е странската гринфилд инвестиција „Амфенол“ која работна ангажира над 3.000 вработени претежно од Кочани, но ги има и од соседните општини. Покрај гигантот кој работи за глобални автомобилски концерни, во Кочани лани, од домашно поседуваните компании, најголеми биле реномината печатница „Европа 92“, поранешниот гигант од наменската индустрија „Руен Инокс“ кој под водство на домашни сопственици направи успешна транзиција и „Алекс 3“ градежна компанија специјализирана за градба на згради за колективно домување.

НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО КОЧАНИ И ВИНИЦА СПОРЕД ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ во 2024 година: 

Р. Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy