Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фактор анализа КАВАДАРЦИ 2024: Кои се кавадаречките милионери? Со вино и серенади прават милиони евра!
Економија

Фактор анализа КАВАДАРЦИ 2024: Кои се кавадаречките милионери? Со вино и серенади прават милиони евра!

12/05/2025

AA

Најголемите десет фирми во Кавадарци лани генерирале
приход вреден 530 милиони евра! И во тие десет фирми дури девет се домашни
поточно кавадаречки компании основани од локални жители. Очигледно е дека
жителите на овој македонски град имаат исклучителен претприемачки дух и смисла
за бизнис. Овој податок сам кажува колкава е силата на кавадаречката економија,
убедливо најсилна по Скопје во рамки на Македонија. Дали за ова има свое
влијание и маџунот? Одговорот на тоа прашање ќе го оставиме на експертите…

Кавадарци со право
може да си го земе епитетот најгордиот македонски град. ГИ бива за се! Хумор,
песна, дружба, борба, а и за бизнис. Кавадарци ги изнедрил и зачувал
македонските староградски песни. И се водат жолчни дискусии за тоа дали Охрид
на тој план е подобар од Кавадарци. Нашиот град на виното и серенадите, најпознатата
староградска македонска музика. Родното место на бардот Никола Бадев и на
ненадминливиот шмекер и поп пејач Зафир Хаџиманов. Родниот град на
великанот Мито Хаџивасилев – Јасмин. Град
во кој традиција е на секаков повод и собирање да се запее традиционална
најубава македонска староградска песна. А песната не оди без вино и ракија.
Кавадарци е центарот на македонската винска индустрија, срцето на Тиквешијата
во која речиси и нема домаќинство кое не прави жолта ракија или домашно вино.

Но Кавадарци е
и индустриски центар. И сега го нменува епитетот од град на никелот во центар на челичната индустрија. И тоа
благодарение на веројатно најголемиот кавадаречки активен бизнисмен Илија
Гечев.

Освен тоа во градот е и најголемата македонска винерија
В.В. „Тиквеш“ повеќе од 50 години синоним за македонско вино во светот. А во последно време Кавадарци е
центар и на фабрика за
делови од автомобилската индустрија, која стана точка на мапата на голема
интернационална автомобилска корпорација, која е снабдувач на големите светски
автомобилски производители. За производството на вино и ракија нема збор. Тука
ниту регионот наскоро нема да биде лимит.

И додека кавадарчани
пеат, прават вино и маџун, прават и пари. Еве ги листите на најголеми и најуспешни
компании:

НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО КАВАДАРЦИ СПОРЕД ПРИХОД во 2024
година

*Рангирани се компании што 2024 година оствариле приход
еднаков на 5 милиони евра или поголем, а годината ја завршиле со добивка

НАЈПРОФИТАБИЛНИ КОМПАНИИ ВО КАВАДАРЦИ во 2024 година

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy