Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фактор анализа ГЕВГЕЛИЈА 2024: Кој ги врти големите пари во Гевгелија? „Од станица до граница“ лани направија 225 милиони евра!!!
Економија

Фактор анализа ГЕВГЕЛИЈА 2024: Кој ги врти големите пари во Гевгелија? „Од станица до граница“ лани направија 225 милиони евра!!!

14/05/2025

AA

Што значи, во економска смисла, град со петнаесетина
илјади жители на најфреквентата македонска граница? Комбинација од бизниси на
лесна индустрија, производство на конзервирана храна, неизбежните казина за
забава на соседите од Грција, локални ланци за малопродажба и неизбежните
погранични шпедитерски услуги…. Вo 2024 година најголемите фирми во Гевгелија
(со приходи над 5 милиони евра) внесоа фантастични 225 милиони евра во гевгелиската
економија….

Гевгелија лани имала 14 компании кои успеале да остварат
приход поголем од 5 милиони евра годишно. Сите овие компании заедно оствариле
приход поголем од 225 милиони евра. Овој параметар значи дека Гевгелија е
значајна македонска економска заедница иако има само 15.000 жители.

Традиционалните трговски врски со Солун и непосредната
близина до границата со земја членка на Европската унија во примерот со
Гевгелија ги покажува сите свои предности.

Во структурата на компании според приходи доминираат
двете големи интернационални „куќи за забава“ односно компании за организирање
игри на среќа и казина. Тоа се казината на „Принцес“ и на „Макотен“. Инаку
најголема гевгелиска фирма е „Конти хидропласт“ лесна индустрија за производство
на пластични профили и продукти претежно со примена во градежништво и изградба
на комунална инфраструктура.

Тука се и трите најголеми производители на свеж и
конзервиран зеленчук и овошје од родните полиња околу Гевгелија и соседните
општини на македонскиот југ. Тоа се „Випро“, „Дием ГП“ и „Вори“.

И секако, штом градот е на најфреквентата македонска
граница,
неизбежно е да има голема шпедиција. Локална, секако. Тоа е „Унико
Роза“.

На листата на најголеми гевгелиски компании, во значајна
мерка благодарејќи на дневните посети на Грци од населените места долж
границата“ се две локални малопродажни ланци супермаркети „Ветеринар“ и „ Солун
53“.

НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ СПОРЕД ПРИХОД ВО 2024 ГОДИНА

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy