
ФАКЕЛИ И АПЛАУЗ: Големо добредојде на храбрата Ангела, која ја победи болеста!
Здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители САНО на 28 јуни објави видео од малата хероина Ангела која ја победи болеста и заѕвони на ѕвончето во Детската Клиника.
Таа си замина здрава дома, а во целиот процес имала голема поддршка од братчето Дамјан кое заедно со неа заѕвони на ѕвончето.
„Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома! Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести! Бравооо, те сакаме херојке наша! *видеото е објавено со дозвола на родител“, стои во објавата.
Вчера, пак, нејзините соседи во населбата Ново Лисиче направиле вистински спектакл. Другарчињата од училиште и цела населба и посакаа добредојде дома!
Погледнете ги овие убави моменти низ фотографии: