Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фабрики за опрема за бојлери и воздушни перничиња добија над 2 милиони евра државна помош
Економија

Фабрики за опрема за бојлери и воздушни перничиња добија над 2 милиони евра државна помош

21/03/2023

AA

Италијанската инвестиција за производство на опрема за бојлери, Кондево од Штип, ја доби првата финансиска помош од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони во висина од 107 милиони денари (1,75 милиони евра).

Првата државна помош ја доби и американскиот АРЦ Аутомотив од 32,3 милиони денари (530.000 евра), откако во партнерство со кинескиот Јангфенг отворија заедничка фабрика за инфлатори за воздушни перничиња во ТИРЗ Скопје 1.

Двата инвеститори за прв пат добиваат помош од Дирекцијата за следење на работата во слободните индустриски зони, откако нивното доаѓање во Македонија беше најавено уште од 2015, а во тој период добија почетна помош единствено од Владата и од Агенцијата за странски инвестиции.

„Кондево“, која е лоцирана во ТИРЗ Штип, планираше првичната инвестиција од 35 милиони евра да ја зголеми за 50 отсто и да го зголеми број на вработени од сегашните 107 на 150 вработени преку инсталирање две нови високософистицирани линии за нови производи како и да има дополнително зголемување на бројот на вработените со воведување нови производи.

Станува збор за инвеститор кој е еден од лидерите во својата индустрија во светот што ги снабдува најголемите светски производители на бојлери со опрема што се вградува во нив, според претходните впечатоци што ги соопшти Дирекцијата во јавноста.

Американско-кинеска инвестиција на компаниите Јанг фенг
и АРЦ беше најавена лани во вредност од 30 милиони евра со над 100 нови вработувања, а производите ќе се извезуваат на
европскиот пазар.
На свечесноста при отворањето присуствуваа заменик шефот на Мисијата на САД, Ерик Мајер,
кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо, како и првите луѓе на компаниите инвеститори.

Компаниите во ТИРЗ во јануари годинава реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Во споредба со јануари 2022 извозот е зголемен за 11 отсто, односно за 9 отсто повисок од 2021, и за 45 проценти во однос на истиот месец 2020 година.

Според она што претходно го објави Дирекцијата,  бројот на вработени во зоните во јануари достигна речиси 16.400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy