
ФА го поништи црвениот картон за Мак Алистер, судијата погрешил
Ливерпул се жалеше по добиениот картон на својот нов фудбалер, а Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја уважи жалбата откако ја прегледала ситуациајта.
„Независната регулаторна комисија ја поништи суспензијата од три натпреваро, бидејќи смета дека одлуката на теренот беше погрешна“, велат од ФА.
Аргентинецот беше исклучен во 58. минута од мечот на „Енфилд“, при резултат 2-1 за Ливерпул, откако судијата Томас Брамал му престрого му додели директен црвен картон за еден старт. Фаворитот и покрај тоа славеше со 3-1. Сега ова значи дека Јирген Клоп ќе го има на располагање во третото коло, кога Ливерпул има тешко гостување кај Њукасл.
