
ЕВЗОНИ Е БЛОКИРАН ЗА ВЛЕЗ НА СИТЕ ВОЗИЛА Излезот работи само за камионите

Попладнево повторно е блокиран граничниот премин Евзони во Грција.
„Од 18.40 часот граничниот премин Евзони е блокиран за сите видови сообраќај за влез во Грција, а излезот работи само за тешките моторни возила“ информира Автомото сојузот на Македонија со вонредно соопштение.
Деновиве грчките земјоделци со трактори повеќе пати го блокираа сообраќајот на влезот во Грција.
.

