
ЕВТИНА ДНЕВНА ТАРИФА: Се враќа од 1 декември
Многу скоро граѓаните пак ќе можат да ја користат евтината дневна тарифа на струјата. Од 1 идниот месец се враќа евтината дневна тарифа.
Таа ќе се користи од 13 до 15 часот и е воведена поради повеќемесечното намалување на цената на струјата на берзите. Евтината дневна тарифа е укината на почетокот на 2022 година, кога имаше поскапување на цената на струјата за 9,48 отсто. Ако останеше евтината тарифа, цената на струјата ќе се зголемеше за дополнителни 5 отсто. Со евтината дневна тарифа, домаќинствата ќе можат да заштедат.
foto freepik.com
