Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европскиот шампион се спаси во последните секунди, Хрватска ја среди Франција (ВИДЕО)
Спорт

Европскиот шампион се спаси во последните секунди, Хрватска ја среди Франција (ВИДЕО)

21/03/2025

AA

Репрезентацијата на Шпанија ја продолжи серијата без пораз која трае точно една година откако вечерва одигра 2-2 на гостувањето во Холандија, во првиот натпревар од плејофот за пласман на Ф4 од Лигата на нации.

Последниот пораз, актуелниот европски шампион го доживеа на 22 март 2024 од Колумбија на домашен терен, а оттогаш одигра 17 натпревари и оствари 15 победи во сите натпреварувања, серија во која освои и титула на континенталниот шампионат. Вечерва беше многу блиску до прекин на таа низа, но во последните моменти Мерино се погрижи за израмнување и поволен резултат пред реваншот на домашен терен.

Претходно, Нико Вилијамс во деветтата минута го отвори резултатот на асистенција на Педри, но Гакпо и Рејндерс се погрижија за пресврт и водство на холанската репрезентација. На десетина минути пред крајот, домаќинот остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Хато, а по жестокиот притисок, Шпанија успеа да постигне гол за 2-2.

Најубедливата победа во првите натпревари од плејофот ја оствари Хрватска во дуелот со светскиот вицешампион Франција. „Коцкестите“ во Сплит славеа со 2-0, а се што беше важно на овој меч се случи во првото полувреме. Во главна улога беше Иван Ракитиќ кој му асистираше на Будимир за првиот и сам го постигна вториот гол, па Хрватска има голема шанса повторно да стигне до завршницата на Лигата на нации.

РЕЗУЛТАТИ
Данска – Португалија 1-0
Хрватска – Франција 2-0
Италија – Германија 1-2
Холандија – Шпанија 2-2

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуционерни реформи: Изјаснување за донорство кај матичен лекар

18/06/2026
Македонија

Алиу за најавената реконструкција: Политичките функции се менливи, важно е

18/06/2026
Македонија

В сабота средба Мицкоски–Димитриевски за реконструкцијата на Владата – Минчев

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43812
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“ е географски и економски најлогичен

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ за првпат детално ги образложи причините поради кои

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота е да купуваме скапи софтвери

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ отворено говореше за воведувањето на системот со отпечатоци

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на фамилијарни традиции, крај за „прескокнувањето“

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во продолжение на интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ се осврна на горливите проблеми со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy