Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европската централна банка не ги зголеми каматните стапки за прв пат по 15 месеци
Македонија

Европската централна банка не ги зголеми каматните стапки за прв пат по 15 месеци

29/10/2023

AA

Европската централна банка одлучи да не ја зголемува референтната каматна стапка за прв пат по 15 месеци, бидејќи заклучи дека најбрзиот циклус на покачување на каматните стапки во нејзината историја се повеќе негативно влијае на економијата.

Ваквата одлука беше очекувана, откако претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард навести пауза по минатомесечното зголемување на каматните стапки. Оттогаш и економската активност и инфлацијата продолжија да забавуваат, пренесува Политико.

Денешната одлука значи дека клучната референтна депозитна стапка останува на рекордни четири отсто, со основни стапки на рефинансирање и маргинални стапки од 4,50 и 4,75 отсто соодветно.

Според соопштението на ЕЦБ, се уште се очекува инфлацијата да остане превисока уште долго време, а домашните ценовни притисоци да бидат силни, но во исто време инфлацијата значително се намали во септември.

Централната банка соопшти дека ја оставила отворена вратата за понатамошни зголемувања на каматните стапки, велејќи дека „ќе се погрижи нејзините стапки да бидат поставени на доволно рестриктивни нивоа онолку долго колку што е потребно“.

Повеќето аналитичари, сепак, сметаат дека каматните стапки го достигнаа врвот и веќе шпекулираат за времето на првото намалување.

Според неодамнешното истражување на Ројтерс, повеќето економисти сега очекуваат тоа да се случи до третиот квартал на следната година, при што каматните стапки ќе паднат на 3,5 отсто до крајот на септември.

Годишната инфлација се намали на 4,3 во септември, од максимумот од 10,6 отсто пред една година, но останува двојно повеќе од целта на ЕЦБ од два отсто.

Во меѓувреме, податоците покажуваат дека економијата на еврозоната најверојатно ќе се намали во третиот квартал од оваа година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy