Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европската централна банка ја предупреди Германија да го реши „буџетскиот хаос“
Економија

Европската централна банка ја предупреди Германија да го реши „буџетскиот хаос“

26/11/2023

AA

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард од Франкфурт индиректно ја предупреди Германија дека тековната неизвесност околу буџетскиот профил на најсилната економија на Европската унија за 2024 година не помага во финансиското планирање на Унијата, пренесоа агенциите.

„Мораме да прогнозираме, мораме да предвидиме каков вид на фискален простор ќе имаат земјите, какви политики ќе спроведат и каков е веројатниот економски резултат“, рече Лагард од седиштето на ЕЦБ во Франкфурт. „Фактот дека сè уште не можеме да разбереме каков ќе биде германскиот буџет следната година, не ни помага да ги направиме нашите проекции. Се надевам дека ќе се најдат решенија“, додаде Лагард.

По оваа порака на шефот на ЕЦБ, германскиот канцелар Олаф Шолц преку видео порака се обиде да ја отфрли растечката загриженост на заинтересираните актери и набљудувачи за размерите на последиците од неодамнешната пресуда на Уставниот суд во Карлсруе. Според Уставниот суд на Германија, владата во Берлин пренасочила 60 милијарди евра од фондот Ковид во „зелени“ развојни програми и планови без правна основа.

Во видео обраќањето, Шолц вети дека финансиската помош за олеснување на товарот од високите цени на енергијата не е загрозена, велејќи дека судската одлука оставила отворена врата за таквата итна помош да продолжи. Владата во Берлин нема да се откаже од иницијативите за решавање на пошироките последици од руската војна против Украина, да ја одржи поддршката за Киев и да ја модернизира и озеленува најголемата европска економија, додаде тој.

За време на интензивните преговори во рамките на трипартитната владејачка коалиција, владата во Берлин допрва треба да одлучи како да се справи со потенцијалното влијание на судската одлука врз финансискиот план за следната година. Парламентарното гласање за предлог-буџетот, донесено пред одлуката на Судот во Карлсруе, закажана за 1 декември, во меѓувреме е одложено на неодредено време.

На бранот на зголемена нелагодност околу тоа како германската влада ќе се справи со новите буџетски дупки за оваа и следната година, Горниот дом на Бундестагот денеска одби да го поддржи предлог-законот на министерот Кристијан Линднер дизајниран да ја зајакне конкуренцијата и да промовира инвестиции во технологии поволни за климата. 

Министерството на Линднер, исто така, објави дека Вернер Гацер, заменик-министер за финансии задолжен за планирање на буџетот, ќе ја напушти функцијата на крајот на годината и ќе биде заменет со Волф Ројтер, актуелниот генерален директор и главен економист.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy