
Европска земја целосно ќе го прекине увозот на руски гас
Холандија најавува целосен прекин на увоз на гас од Русија.
Владата презема мерки за целосно запирање на увозот на течен природен гас од Русија. Холандскиот министер за клима и енергетска политика Роб Јетен денеска соопшти дека ќе прекинат со увоз на руски гас во интервју за агенцијата Блумберг. Холандија оваа година престана да потпишува нови договори за набавка на течно сино гориво од Русија. Одлуката на холандскиот кабинет ќе важи и за долгорочните договори и за договорите на спот пазарите, пишува Ројтерс.
Унгарија склучи нови договори со Русија кои обезбедија континуирано снабдување со природен гас и нафта. Откако Русија лани на 24 февруари ја нападна Украина, западот воведе санкции за Русија, со цел да не ја финансира војната.
foto freepik.com/fanijanhua
