
ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ВОВЕДУВА ЦАРИНИ ЗА ЈАЈЦА И ОВЕС ОД УКРАИНА – веќе е достигнат лимитот
Европската комисија ќе воведе царини за увоз на јајца од Украина во следните две недели, откако ќе биде постигнат претходно договорениот годишен праг за увоз на јајца, изјави денеска портпаролот на ЕК.
Вчера Европската комисија донесе иста одлука во врска со увозот на овес од Украина, пренесе Ројтерс.
По рускиот напад во 2022 година, Украина имаше корист од посебен механизам воспоставен за зајакнување на трговските текови со ЕУ, нејзиниот најважен извозен пазар.
Сепак, ЕУ наметна максимален обем на увоз откако земјоделците од целиот блок протестираа против увозот на украински производи како нелојална конкуренција.
Фото: Принтскрин/Твитер

