
ЕВРОПСКА ДРЖАВА ЌЕ ИНВЕСТИРА МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ЗАКУП НА ФАБРИКА ВО ВИЕТНАМ: Ќе произведуваат чипови
Холандските
производители на чипови и нивните добавувачи планираат да инвестираат во
производството во Виетнам, изјавија денеска за Ројтерс официјални лица како дел
од деловната мисија во Ханој предводена од премиерот во заминување Марк Руте.
Првичните најавени инвестиции не се големи, но ги
сигнализираат напорите на компаниите помалку да се потпираат на Кина за извоз,
со оглед на континуираното влошување на трговските тензии меѓу Пекинг и
Западот.
САД го ограничија извозот на најновата генерација чипови во
Кина, како и технологијата за нивно производство. Така, холандската ASML
извезува само машини за производство на чипови од постарата генерација во Кина,
а Јапонија исто така го ограничи извозот.
Холандскиот
производител на чипови ќе инвестира милиони долари за закуп на фабрика на југот
на Виетнам
Холандскиот премиер пристигна во Виетнам придружуван од
претставници на речиси 30 компании, вклучително и 12 производители на чипови и
добавувачи на полупроводници. За
време на посетата, холандскиот производител на опрема за чипови BE
Semiconductor Industries (Besi) објави дека добил дозвола за почетна
инвестиција од пет милиони долари за изнајмување на фабрика во јужен Виетнам.
Се очекува дека
компанијата на крајот ќе инвестира значително поголема сума, имајќи ја предвид
планираната изградба на сопствена фабрика во Виетнам во следните четири години,
изјави за Ројтерс потпретседателот на компанијата за глобална оперативност, Хенк
Јан Поеринк.
„Главната причина
за инвестицијата е да се доближиме до клиентите“, објаснува Поеринк.
„Холандските компании ќе градат „екосистем“ за
полупроводници во Виетнам“
Холандскиот премиер е сигурен дека нивниот пример ќе го
следат и други холандски компании и добавувачи на чипови, истакнувајќи дека е
придружуван од голема деловна делегација. „Тоа е апсолутно јасно“, заклучи тој
во изјавата за Ројтерс по состанокот со виетнамскиот премиер Фам Мин Чин.
Besi ќе ги следи
другите холандски компании и ќе изгради „екосистем“ за полупроводници во
Виетнам, рече Поеринк, додавајќи дека уште најмалку две компании во
делегацијата планираат инвестиции. Тој не сакаше да ги именува, само
рече дека VDL Enabling Technologies Group исто така одлучила да инвестира во
Виетнам.
VDL ETG не испрати претставник во Виетнам и не беше веднаш
достапен за коментар на информацијата, истакнува Ројтерс. Американски Интел
склопува чипови во Виетнам, а јужнокорејските гиганти Samsung и LG изградија
големи производствени центри, забележува Ројтерс.
ФОТО: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO
