
ЕВРОПА СИ ГИ ВРАТИ ТУРИСТИТЕ: лани пристигнале повеќе туристи отколку во 2019 година
Во 2023 година,
туризмот на ЕУ продолжи да покажува знаци на враќање на нивото пред пандемијата
со Ковид 19, објави европскиот статистички центар.
Од „Евростат“
објавија дека број на ноќевања во туристичко сместувачки капацитети во 2023
година достигна 2,92 милијарди, надминувајќи го нивото пред пандемијата за 2019
година кога достигале 2,87 милијарди, или за 1,6 проценти повеќе. Со тоа е
достигнат нов рекорд во секторот сместување во ЕУ.
Во 2023 година
имало 171 милион ноќевања повеќе во споредба со 2022 година или за 6,3 отсто
повеќе. Тие се главно поттикнати од зголемувањето на ноќевањата од странски
гости (+146 милиони) и во помала мера од зголемувањето на ноќевањата на
домашните гости (+ 25 милиони). Нивоата на туризам, во однос на ноќевањата беа
25 проценти повисоки од десет години претходно (2013: 2,33 милијарди ноќевања)
– се наведува во анализата на „Евростат“.
Better than before Covid: Tourism in the EU reaches record high https://t.co/yEkFR5UDfv
— The Brussels Times (@BrusselsTimes) January 18, 2024
Во споредба со
2022 година, скоро сите членки на ЕУ забележаа пораст во 2023 година, само
Луксембург забележа мало намалување (-0,1%). Во Малта и Кипар растот надмина 20
отсто, а во 8 други членки на ЕУ надмина 10 проценти, тоа се Словачка, Латвија,
Бугарија, Австрија, Чешка, Португалија, Романија и Грција.
Во апсолутни
бројки, најголем пораст на ноќевањата е забележан во Германија дури 32,8
милиони повеќе ноќевања и Шпанија со 32,3 милиони повеќе ноќевања.
Во однос на
сместувањето, хотелите се доминантен сегмент со 1,8 милијарди ноќевања или 63
проценти од вкупниот број. Потоа следуваат сместувањата за одмор и други
краткорочни сместувања кои опфаќаат 24 отсто, додека камповите сочинуваа 13
проценти од вкупниот број.
Фото: Принтскрин/Твитер