
Европа се подготвува за дожд кој одамна не е виден
Во Австрија се подготвуваат вреќи со песок, во Чешка се празнат акумулации, а во Полска се очекуваат поројни поплави. Синоптичарите, имено, предупредуваат на „потенцијално катастрофални“ врнежи од дожд кои би можеле да траат со денови. Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека „нема причина за паника“ откако присуствуваше на брифингот за ризикот од поплави во Вроцлав. […]
