Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВРОПА ОСТАНУВА БЕЗ СИТНИ ПАРИ? Овие земји планираат да ги укинат монетите со ниска вредност
Економија

ЕВРОПА ОСТАНУВА БЕЗ СИТНИ ПАРИ? Овие земји планираат да ги укинат монетите со ниска вредност

05/05/2025

AA

Може ли Германија, чии граѓани ја сакаат готовината, да го следи примерот и да ги укине најмалите монети? Некои земји од еврозоната успеаја во тоа.

Идејата за укинување на монетите од еден и два центи постои веќе долго време и станува сè попопуларна. Од неодамна, идејата најде застапници на високо ниво, во група поврзана со Бундесбанк, централната банка на Германија.

Ова доаѓа веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се обидува да наметна одлука со која ќе престане понатамошнот ковање монети.

Што стои зад идејата за укинување на ситните пари?

Централните банки веќе долго време се жалат дека сè уште коват монети со мала апоенска вредност, кои, сепак, не се враќаат во оптек, бидејќи луѓето ги земаат како кусур, но не ги трошат активно. Или се губат некаде, или се натрупуваат дома. И тоа значи дека тие во основа излегоа од оптек.

Како последица на тоа, Европската Унија продолжува да кова сè повеќе нови монети. Според Европската централна банка (ЕЦБ), во моментов во оптек има 40,1 милијарди монети од еден цент и околу 31,4 милијарди монети од два центи во евра.

Нов поттик во Германија за укинување на монетите со мала апоенска вредност дојде од Националниот форум за готовина.

Националниот форум за готовина е група поддржана од германската централна Бундесбанка, која се фокусира на одржување на достапноста и прифаќањето на готовината како универзално средство за плаќање.

Кога станува збор за монетите од еден и два центи, групата дојде до заклучок дека тие не се потребни. Инсистирањето на точниот износ на вратени пари при купувањето е спротивставено на некои други фактори, како што се заштедите на трошоци, ефикасноста, па дури и намаленото влијание врз животната средина поради избегнување на ковањето и циркулацијата на монети.

Групата го повикува Министерството за финансии да „притисне и да го забрза воведувањето на обврзувачко законско правило за „заокружување“ во Германија“, се вели во нивното соопштение за медиумите.

Кое е правилото при заокружување на готовина?

„Аргументот за чување монети со мала апоенска вредност е „сметководствена совршеност““, вели Џес Ц. Крафт, помошник-куратор во Американското нумизматичко друштво, организација посветена на проучување на монети и пари.

– Со оглед на тоа што повеќето земји во светот користат децимален систем што оди до една стотинка од одредена единица, има смисла да се работи со монети што даваат основа за тој износ – вели Крафт за ДВ.

Но, Германскиот национален форум за готовина не повикува на укинување на концептот на монети од еден и два центи, туку само на отстранување на физичките монети од оптек при плаќање со готовина.

Извор: Курир.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy