Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИНОПИЈЦИТЕ И ДОМА И ОД СТРАНСТВО МАЛКУ ЗАТАИЛЕ, АМА ЗА „ТИКВЕШ“ НЕМА ЗИМА – чиста добивка од 700 илјади евра за три месеци
Економија

ВИНОПИЈЦИТЕ И ДОМА И ОД СТРАНСТВО МАЛКУ ЗАТАИЛЕ, АМА ЗА „ТИКВЕШ“ НЕМА ЗИМА – чиста добивка од 700 илјади евра за три месеци

05/05/2025

AA

Нема
никакви изненадувања, ниту позитивни ниту негативни, кај најголемиот
производител на вино во земјава, компанијата на бизнисменот Светозар Јаневски,
„Тиквеш“.

Винарската
визба ги објави резултатите за првиот квартал од годинава, а тие говорат дека
таа работела речиси идентично како во истиот период од минатата година.

Сепак,
и покрај благо намалените приходи, а со тоа и малку снижената бруто добивка,
компанијата успеала да се стегне и тримесечјето да го заврши со профит повисок
за 25 проценти, односно 700 илјади евра, што е за поздравување на умешноста и
менаџирањето, во услови кога приходите благо односно незначително затаиле.

Да
погледнеме што говорат бројките за Тиквеш.

Приходната
страна покажува дека компанијата за трите месеци од годинава остварила приходи
од продажба од рамно 12 милиони евра. Во однос на истиот период лани, тоа е
намалување на ниво на статистичка грешка, од 3 проценти.

Благо
во продажбите затаиле и домашниот и странскиот пазар. Односно, од продажбата на
вино на домашна територија Тиквеш инкасирал 5,2 милиони евра, што е намалување
за 2 отсто.

Додека,
пак, странците испиле од виното на Тиквеш во вредност од 6,8 милиони евра, што
е снижување за три проценти во однос на истиот период од минатата година.

Ова
говори дека извозот на вино и натаму доминира во однос на продажбите на
домашниот пазар.

Ако незначително се намалиле приходите, исто така благо снижување, но нешто повисоко, има
и кај трошоците за производи и услуги, кои изнесувале 6,9 милиони евра, па кај
нив падот е за 4 отсто во однос на истиот период лани.

Ова
направило компанијата да го заврши тримесечјето со бруто добивка од 5,1 милиони
евра, што е мало снижување од 1 отсто.

Но,
по пресметката на административните трошоци, кои кизнесувале 721 илјади евра,
потоа трошоците за маркетинг и дистрибуција, кои биле 1,14 милиони евра, како и
по вредносното усогласување од 2,3 милиони евра, но и по пресметката на
останатите оперативни приходи, Тиквеш го завршува тримесечјето со оперативна
добивка од 1,1 милиони евра. Што е пораст за 30 отсто во однос на истиот период
минатата година.

Трошоците
за суровини и други материјали се 2,4 милиони евра, што е раст за 24 отсто,
услугите со карактер на материјални трошоци биле 2,5 милиони евра, а трошоците
за вработените се 1,1 милиони евра, и кај нив се бележи зголемување од 11
проценти. Останатите расходи од работењето и поарчиле на винаријата 1,86
милиони евра, што е намалување за 14 отсто во однос на истиот период од
минатата година.

Компанијата
не остварила финансиски приходи, но затоа пораснале за 84 отсто нејзините
финансиски расходи, главно плаќања за камати на кредити, со што тие во првиот
квартал изнесувале 256 илјади евра.

После
сите пресметки добивката пред оданочување на компанијата била 828 илјади евра,
а по вкалкулирањето и на корпоративниот данок, нето профитот кој преостанува е рамно
700 илјади евра за првиот квартал од годинава.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy