
Европа на нозе: Смртоносни поплави низ државите по бурата Борис, подигнати заштитни бариери
Службите за итни случаи ја зајакнуваат одбраната од поплави во централна и источна Европа, откако поројните дождови излеаа реки и оштетија илјадници домови, јави Би-Би-Си. Бурата Борис се покажа како смртоносна во Романија, каде четири лица загинаа во поплавите во југоисточниот регион Галаци. Едно лице се удави во Полска, а уште четири исчезнаа во Чешка. […]
