Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европа гради сопствена „минерална безбедност“ – Италија ќе складира критични суровини
Македонија

Европа гради сопствена „минерална безбедност“ – Италија ќе складира критични суровини

13/02/2026

AA

ЕУ ги интензивира активностите за создавање европски резерви на критични минерали, со јасна намера да ја намали зависноста од кинеските испораки. Италија, Франција и Германија се позиционираат како носители на оваа нова индустриска стратегија.

Акцискиот план RESourceEU, презентиран во декември, има за цел да обезбеди стабилен пристап до суровини како бакар, галиум, германиум, антимон и ретки земни елементи – клучни за технолошката и енергетската транзиција.

Според извори блиски до процесот, Франција ќе управува со финансирањето и набавките, Германија ќе се фокусира на обезбедување стабилни канали за снабдување, а Италија ќе стане централна локација за складирање на европските резерви.

„Европската Комисија активно соработува со неколку земји-членки на пилот-проект за зајакнување на складирањето на критични суровини во ЕУ. Моментално се вклучени 10 земји-членки“, изјави портпаролот на Комисијата.

Листата на критични минерали на ЕУ вклучуваат 34 суровини, од кои 17 се означени како стратешки суровини, бидејќи се сметаат за најважни за зелената и дигиталната транзиција, како и за одбраната и воздухопловството. 

Во меѓувреме од Брисел соопштија дека се еден чекор поблиску до договор за заеднички напори со САД и Јапонија за „зголемување на економската безбедност и националната безбедност“ преку обезбедување на заедничко снабдување со критични суровини.

Во текот на следните 30 дена, се очекува ЕУ и двете земји да потпишат меморандум за разбирање за подобрување на синџирот на снабдување со критични минерали.

„Планираното партнерство ќе идентификува области на соработка за стимулирање на побарувачката и диверзификација на понудата за учесниците преку идентификување и поддршка на проекти во рударството, рафинирањето, преработката и рециклирањето“, се вели во соопштението.

Високи претставници на ЕУ неделава присуствуваа на првиот „Министерски состанок за критични минерали“ во Стејт департментот во Вашингтон, каде домаќин беше државниот секретар Марко Рубио. 

„Подготвени сме и имаме намера да соработуваме со секоја држава за да ја пронајде својата улога. Ако немате минерали, можете да помогнете во нивното рафинирање, а државите собрани тука ги вклучуваат најголемите потрошувачи на критични минерални производи кои, заедно, имаат куповна моќ да изградат поотпорен и поразновиден глобален пазар“, изјави Рубио.

„Нашите економии зависат од овие критични минерали. Да ги направиме цените попредвидливи и помалку непредвидливи за да можеме да ги поддржиме домашните синџири на снабдување и инвестициите“, истакна потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс.

Претходно, американскиот министер за внатрешни работи Даг Бургум изјави дека околу 30 земји сакаат да се приклучат на т.н. Клуб на сојузници и партнери за трговија со критични минерали и намалување на зависноста од Кина. 

Наскоро се очекуваат нови средби на високи претставници на Вашингтон и Брисел на кои ќе се разгова за деталите од договорот. Неодамна од ЕУ истакнаа дека засилено ќе продолжат да помагаат стратешки проекти во рударството и да го забрзуваат издавањето на дозволи за експлоатација на руда. Тие најавија и дека ќе работат на наменски инвестициски рамки за синџири за критични минерални суровини со Украина, Западен Балкан и т.н. „Јужно соседство“.

Додека светот инвестира во изнаоѓањето на критични минерали, а Македонија изобилува со бакар, но и антимон и никел, македонското рударство продолжува во надолна линија. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажаа дека индустриското производство расте, но истовремено единствено рударската гранка бележи огромен пад. Минусот во пресекот направен во ноември изнесуваше 4,7%, а во јануари достигнува скоро 7%. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Судскиот процес „Онкологија“ продолжува: Вештаците тврдат дека скапи терапии биле

13/02/2026
Македонија

ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ ЛИ МАКЕДОНИЈА ПОЗИТИВНИТЕ ПРАКТИКИ НА ШВЕДСКА ВО

13/02/2026
Македонија

Бугарија го ратификуваше договорот за меѓуграничен железнички тунел на Коридор

13/02/2026
Македонија

Пад на трошоците за живот на почетокот на 2026 година

13/02/2026
Македонија

СДСМ ГО ПАРТИЗИРАШЕ СУДСТВОТО, ИМЕНУВАШЕ СВОИ ЧЛЕНОВИ ЗА УСТАВНИ СУДИИ

13/02/2026
Македонија

Ристоска со одговор на нападите: Не изигрувам жртва!

13/02/2026
Македонија

Европа гради сопствена „минерална безбедност“ – Италија ќе складира критични

13/02/2026
Македонија

Мистерија во Тетово: Мајка заведена како почината родила дете

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41424
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Судскиот процес „Онкологија“ продолжува: Вештаците тврдат дека скапи терапии биле применувани без индикација

13/02/2026

Судскиот процес за случајот „Онкологија“ продолжи и денеска во Скопски кривичен суд, кој ја привлече вниманието на јавноста поради откриените

ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ ЛИ МАКЕДОНИЈА ПОЗИТИВНИТЕ ПРАКТИКИ НА ШВЕДСКА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО? Предлози од

13/02/2026

Шведското позитивно искуство и експертиза во креирањето стратегии за заштита на јавното здравје преку намалување на штетите може да се

Бугарија го ратификуваше договорот за меѓуграничен железнички тунел на Коридор 8

13/02/2026

Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy