Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВРОПА – „ДА“, ЕВРОПА „СЕГА“ – ЖИВКО МУКАЕТОВ: Да сме членка на ЕУ, за квалитетните компании, само небото ќе биде лимит
Економија

ЕВРОПА – „ДА“, ЕВРОПА „СЕГА“ – ЖИВКО МУКАЕТОВ: Да сме членка на ЕУ, за квалитетните компании, само небото ќе биде лимит

15/09/2023

AA

Како да го достигнеме
животниот стандард на граѓаните и конкурентноста на економиите како државите
на Европската унија. Како на тој начин да успееме да ги задржиме овде младите
граѓани и тие да придонесуваат за домашниот бизнис, наместо постојано да се
селат во странство. Мора многу да се инвестира во образованието и во
здравствениот систем, и мора да му се даде многу повеќе можност и поттик на
приватниот капитал, а не државата да се меша во бизнисот. Бројни политичари, министри
од Владата, водечки лица на меѓународните финансиски институции, но и врвни бизнисмени
од земјава дебатираа денеска на Конференцијата организирана од Министерството
за финансии – Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ) на тема
„Европа – ДА, Европа – СЕГА“.

Како македонскиот бизнис гледа на потребата од
зачленување во Европската унија, и што ќе значи тоа за македонските успешни
компании, колку тоа ќе може да го унапреди нивното работење?

На вториот панел на конференцијата на таа тема многу
концизно говореше првиот човек на нашата најуспешна фармацевтска компанија
„Алкалоид“, Живко Мукаетов.

„Алкалоид“ е компанија која многу успешно егзистира во
македонската економија веќе девет децении, а клучната девиза во нивното
работење е „Здравјето пред се“. Обезбедува вработување за речиси три илјади
македонски граѓани, има 20 фирми ќерки, а своите производи го пласира во 50
држави во светот. Работи во дејностите како што се фармација, козметика и
хемиски производи за домаќинството.

Мукаетов објасни дека за многу македонски компании, меѓу кои и „Алкалоид“,
е важна тема фактот што ние се наоѓаме во чекалницата на Европската унија, а со
тоа и на европскиот пазар, на кој многу полесен пристап имаат фирмите од
земјите членки на ЕУ.

„Алкалоид“ е компанија која во 2007 година успеа
да добие лиценца од ЕУ, а за таа цел требаше да регистрира лабораторија во
Љубљана. Денес оваа наша компанија многу успешно продава во европските земји,
па од извоз од околу 260 милиони евра годишно, 55 милиони евра се производи кои
се продадени во земјите членки на Европакста унија. „Алкалоид“ има пристап до
27 земји членки на ЕУ и до пазар од 448 милиони жители, што е голема
придобивка.

„Некој ќе рече зошто за компаниите е битно државата да
биде членка на ЕУ. Еве ќе докажам преку нашиот пример. Ние уште од пред две
години имаме договор да купиме фабрика во Полска, но процесот за тоа да се
финализира за нас е три години, а за иста компанија од Полска тој трае една
година. Што значи дека за земјите кои не се членки, тој процес е повеќекратно
подолг“, објасни Мукаетов.

Претседателот на Управниот одбор на „Алкалоид“ објасни и
дека е точно дека нашата Влада се грижи да им го олесни работењето на домашните
компании, но компаниите во Полска, на пример, добиваат грант во висина од 50
отсто од секоја инвестиција во производството.

„Доколку сте компанија која не е од земја членка на ЕУ,
не е лесно да се настапува на нивниот пазар. За сите нас ќе беше полесно
доколку бевме членка на ЕУ, ќе покажевме колку ние сме квалитетни компании на
нивниот пазар“, рече Мукаетов.

Тој нагласи дека „Алкалоиид“ успеа да се глобализира и
покрај сите овие предизвици.

„Ако сте квалитетна компанија и доколку сте од земја која
е членка на ЕУ, само небото ќе биде граница и за нас, и за сите добри компании
кои работат во Македонија“, потенцира Мукаетов.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи објасни дека соработката меѓу
државите е клучна за земјите од Западен Балкан, но клучно е меѓународното
финансирање.

„За да се остварат нашите стратешки цели и да направиме
конкурентни економии „Европа треба да каже – ‘да’ за земјите од Западен
Балкан, таа нема да биде целосна без да каже ‘да“ за сите земји кои се
кандидати за членство“, нагласи Битиќи.

Министерот за економија Крешник Бектеши, рече дека треба
да се свртиме кон економскиот развој, а нешто на што ќе треба да се фокусираме
во следниот период, е паметното земјоделство, а исто така треба да обезбедиме и
предвидливост.

„Моја главна порака оттука е дека треба заедцнички да
делуваме, но во тоа треба да почнеме од нас. Односно, ние како власт и
опозиција треба заеднички да делуваме за остварување на зголемени стапки на
раст, конкурентност и стандард, а потоа ќе продолжиме и регионално и европски“,
порача Бектеши.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски
поентираше дека инфраструктурната поврзаност не треба да завршува на границите
на државите, туку сите тие треба заеднички да работат на тоа.

„ЕУ го препозна ова и затоа заеднички како држави успеавме
да ја убедиме дека Коридорот 8 треба да влезе на листата на главните европски
коридори, а беше на споредните“, рече Бочварски.

Поради градбата на инфраструктурните проекти тој нагласи
дека сите градежни компании во земјава се целосно ангажирани во моментов, како
и дека сите тие имаат многу работа.

Томас Бочек, вицегувернер на Банката за развој при
Советот на Европа, нагласи дека и за Македониоја, и за сите земји од Западен
Балкан, е битно да инвестираат во човечкиот капитал. Тој сподели еден
загрижувачки податок, дека просечно по 4.000 луѓе секоја година се селат од
Македонија во земјите на ОБСЕ.

„Тука можат да помогнат јавните финансии, од нив да се
инвестира во подобро образование и здравство“, нагласи тој.

Матео Коланџели, директор за Западен Балкан во ЕБОР е
загрижен што ние сеуште го имаме само 35 отсто од стандардот на граѓаните на
ЕУ, и за тоа да се смени се потребни големи реформи. Многу е битна зелената
транзиција и развој на мали и средни претпријатија.  

Жак Миниан, шеф на
мисијата на ММФ во земјава даде многу јасна порака дека Владата нема многу
простор за задолжување, и дека сега треба да се стави „брана“ на задолжувањата.
Го пофали МФ за зголемените капитални инвестиции, но рече дека треба да биде
така секоја година. За битката со инфлацијата, пак, рече дека таа е бавна,
инфлацијата уште е многу висока и дека за тоа не одело во прилог зголемувањето
на платите во јавниот сектор.

Иваило Изворски, главен
економист за регионот во Светска банка, имаше интересна порака, а таа е дека
„ЕУ е машина за да се доближи стандардот на жителите од Западен Балкан на оној
до ЕУ. Дали преку структурни фондови, дали преку трговија, таа конвергенцијса
на приходите најдобро ќе се оствари“, рече тој. Но, тоа доближување земјите од
Западен Балкан не можат да го направат со стапки од 2 до 3 отсто.

Бјорн Габриел, пак,
претставник на Европската инвестициона банка нагласи дека за приватниот сектор
од земјите треба да се обезбеди одржливо финансирање, додека, пак, фирмите,
особено малите и средните, треба да водат сметка за енергетската ефикасност.

Инаку, економскиот ефект од ЕУ е 15-20 отсто повисок БДП за новите земји-членки, нови и подобро платени работни места, сигурност и стабилност. Треба да се искористи моментот за да Република Северна Македонија стане 28-ма членка на Европската Унија. Ова беа главните пораки од отварањето на Третата годишна конференција на Скопскиот економски и финансиски форум- СЕФФ, во организација на Министерството за финансии. Конференцијата со поздравни обраќања ја отворија министерот за финансии Фатмир Бесими, премиерот Димитар Ковачевски, како и ЕУ комесарот за буџет и администрација, Jоханес Хан.

Како што посочи министерот за финансии, Бесими, СЕФФ е платформа за дискусија на јавните политики која произлезе како потреба за време на Ковид-19 кризата, а има за цел да ги обедини сите општествени чинители, како креаторите на политики, политичките претставници, бизнис заедницата, академските претставници, со цел изнаоѓање на најдобри солуции. Овогодинешната тема „Европа-Да, Европа-Сега“ е посветена на предизвиците и можностите кои се поставуваат пред сите земји од Западен Балкан во контекст на евроинтеграциите.

„Убавата, мултикултурна, пацифистичка и развојно ориентирана Европска Унија произлезе од потребата да се реизгради Европа. Оттогаш, економијата, мирот и безбедноста и човековите права се нејзини двигатели. Влијанието на ЕУ е проценето на дополнителни 15-20 отсто од БДП по глава на жител, вклучително и неколкукратен раст на фондовите достапни по пристапувањето, само кај кохезионите фондови 22 пати повисоки. Во време на повеќекратни кризи, кои се преклопуваат, сега, повеќе од кога и да било е време земјите да се поддржуваат една со друга“, порача министерот Бесими.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy