
Евролигашите изгласаа приклучување на Дубаи
Гласањето, според неофицијалните информации од затворениот состанок, поминало речиси едногласно во корист на новиот проект од Блискиот исток, но клубот од Дубаи ќе се приклучи на Евролигата дури за две години. Дотогаш треба да се направат уште неколку чекори, но нема сомнение дека во блиска иднина ќе гледаме клуб од Дубаи во Евролигата.
Според некои планови, тоа би требало да се случи во сезоната 2025/26 со тоа што клубот ќе влезе директно во Евролигата, без да игра во Еврокупот. Што се однесува до другите желби на челниците на оваа организација, Париз и Лондон, на нив им останува да се борат преку второто натпреварување по квалитет.
