Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВН со нова фотонапонска централа во Пробиштип
Економија

ЕВН со нова фотонапонска централа во Пробиштип

07/03/2024

AA

ЕВН МакедонијаЕлектрани
ја стави во функција новата фотонапонска централа во Пробиштип со инсталирана
моќност од 11MWp. Со ова, компанијата го зголемува производственото портфолио
од реализирани фотонапонски системи во државатана 20MWp.

Планираното
годишно производство на новата фотоцентрала изнесува 16 GWh што во превод би
значело снабдување со електрична енергија на околу 4.000
домаќинства годишно. 

На настанот за
одбележување на почетокот на работа на фотонапонската електрана во Пробиштип
присуствуваше Управниот одбор на ЕВН Македонија на чело со г-дин Волфганг Маиер,
кој изјави дека со оваа инвестиција компанијата се доближува еден чекор
поблиску до својата стратешка цел за 60 
MWp инсталирана моќност до 2030 година во обновливи извори на енергија.

Фотоволтаичната
централа „Пробиштип“ се наоѓа во близина на село Бучиште, општина Пробиштип.
Изведена е како комплекс од 3 централи со поединечни моќности од 450kWp, 950kWp
и 9500kWp. Вкупно се поставени 20148 бифацијални панели со поединечна
инсталирана моќност од 535 Wp, како и 42 инвертори со поединeчна моќност од
250kW. Се поврзува на дистрибутивната мрежа преку 6 распределени трафостаници.

Во функција е и новоизградената
фотонапонска централа во Штип со капацитет од 4 MWp. Со постоечките капацитети
годишно ќе се редуцираат 138t
CO2 при производство на електрична
енергија, со што значително ќе се придонесе во зачувувањето на животната
средина.

Инвестирањето во
обновливи извори на електрична енергија ќе продолжи и во 2024 година, во нови 10MWp
во околината на Куманово како и 3,3 MWpво
околината на Прилеп.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy