ЕВН Хоме повторно универзален снабдувач, профитната маржа намалена на 9,9 отсто
ЕВН Хоме е повторно избран за нов универзален снабдувач на регулираниот пазар на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.
Извори од Владата брифираат дека претпладнето имало електронска аукција на која досегашниот универзален снабдувач повторно победил, но профитната маржќа во негативното наддавање му била намалена на 9,9 отсто.
Останува да се види дали ова ќе влијае на намалувањето на сметките за електрична енергија за граѓаните. Универзалниот снабдувач под новиот договор треба да започне од јуни а во истиот период и Регулаторната комисија за енергетика ќе ја разгледува цената.
Досега ЕВН Хоме ги снабдуваше домаќинствата и малите потрошувачи со струја со профитна маржа од 11,5 отсто. Услов на Владата на новиот повик беше профитот да биде помал од 11,5 отсто.
Сепак, не е познато кои биле другите учесници на јавното наддавање. и дали биле прифатени критериумите з аучество за сите што аплицирале на повикот. Неофицијално, заинтересирани беа уште компанијата ЕДС и ЕСМ Продажба.
Владата на некоја од следните седници ќе го разгледа извештајот од комисијата за спроведување на повикот и ќе одлучи официјално дали ќе го прифати исходот од денешната аукција.
А.К.