Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Евентуалната казна од КЗК за маркетите би можела да биде во милиони евра
Економија

Евентуалната казна од КЗК за маркетите би можела да биде во милиони евра

25/02/2025

AA

Ланците на маркети за кои Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) минатата недела соопшти дека се здружиле за да влијаат на цените во продавниците, би можела да одреди казна во висина од милиони евра за трговците.

Ако се утврди дека е направен прекршокот, четирите маркети и комората преку која се здружуваат ќе бидат казнети според член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата или со 10 проценти од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година,  изразена во апсолутен и номинален изно, објави „Само Прашај“.

Според Законот, откако се доставени заклучоците до сите маркетите и до Комората, тие во рок од осум дена можат да достават против аргументи, по што ќе се донесе конечна одлука дали ќе има казни или нема да има.

Комисијата за заштита на конкуренцијата, преку соопштение до медиумите тврди дека неколку синџири на маркети нелегално се договарале за усогласено делување спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата. Од таму известија дека ова било констатирано по направена ненадејна контрола кај правните лица, како и дека била поведена прекршочна постапка.

Комисијата за заштита на конкуренцијата изврши ненајaвен увид во 4 трговски субјекти и една стопанска комора во која се здружени истите, поради сомнеж за картелско здружување, односно договарање на цените. 

При контролата во службените простории на правните лица, односно ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи, пронајдени се докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање.

Контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забрана, односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна пријава против нив, се наведува во соопшението на  КЗК. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy