ЕВЕ ЗОШТО СЕГА Е НАЈДОБРО ДА ЗАМИНЕТЕ НА КОПАОНИК: Рипнал бројот на ноќевања, а и зголемени се капацитетите
На Копаоник, секој зимски месец обезбедува идеална средина за љубителите на скијањето и снежните авантури, а сега кога гужвата е малку помала, скијањето може да биде особено пријатно.
Во текот на февруари и март, сместувањето е подостапно и многумина ги избираат овие месеци за да уживаат во овој популарен српски ски центар.
За скијачите, сноубордерите и сите љубители на авантурата, Копаоник нуди бројни содржини, заедно со врвна понуда за релаксација и гастрономија, но најважно е белото ќебе на Копаоник да е безбедно, бидејќи дури 97 отсто од ски центарот е покриен со систем за вештачки снег. Тоа дополнително го потврдува и фактот што ски-центарот во моментов работи со речиси полн капацитет, отворени се 38 патеки, а можно е и ноќно скијање.
Капацитетот на жичарници и ски-лифтови од над 35.000 скијачи на час го рангира овој центар меѓу најразвиените во регионот. Работното време на жичарниците од 3 февруари е продолжено до 16 часот и 30 минути, а настаните на падините се разновидни.
За најмладите скијачи и почетници, предвидени се три области на „скијачка градинка“ со подвижни ленти, каде освен играње, дружење и забава може да се совлада основната техника на скијање. Возрасните почетници можат да ги стекнат потребните вештини и да го подобрат своето знаење на ски полигонот.
Податоците го потврдуваат растот на популарноста на Копаоник меѓу домашните и странските туристи, пишува „Инфо.Коп“.
Зголемувањето на бројот на ноќевања за 20 проценти во јануари 2024 година ја потврдува репутацијата на Копаоник како најбарана зимска дестинација во регионот. Во просек, на Копаоник скијаат меѓу 8.000 и 9.000 љубители на зимските спортови секој ден. Планината станува омилена дестинација за се поголем број странски туристи, кои најмногу доаѓаат од земји како Македонија, Романија, Русија, Црна Гора, Кина, Босна и Херцеговина и Турција.
Доколку одите на Копаоник во текот на претстојниот викенд, знајте дека до петок се прогнозира сончево, релативно топло време со благ мраз наутро и ниска влажност во текот на денот. Ќе дува слаб ветер, а во петок навечер очекуваме облачност. Во сабота ќе биде нормално, но без врнежи, а во недела ве очекува магла.