Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ ЗА КОГО ЌЕ РИПНЕ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА: Мора да се намалат и субвенциите на сметките
Економија

ЕВЕ ЗА КОГО ЌЕ РИПНЕ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА: Мора да се намалат и субвенциите на сметките

21/11/2023

AA

Владата планира да го прошири тарифниот блок три за корисниците на електрична енергија. Тоа значи дека, дел од домаќинствата кои трошат нешто под 1000 киловатчасови електрична енергија ќе имаат повисоки сметки за струја, пишува 24 вести.

Трошоците за електрична енергија ќе им бидат слични како на оние домаќинства  кои досега според потрошувачката беа во четвртиот односно најскапиот тарифен блок. Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи потврди дека се работи на барањата на Меѓународниот монетарен фонд 

Тарифни блокови (за инсертирање)

I ТАРИФЕН БЛОК ОД 1 ДО 210 Kwh

II ТАРИФЕН БЛОК ОД 210 ДО 630 Kwh

III ТАРИФЕН БЛОК  ОД 631 ДО 1050 KWh

IV ТАРИФЕН БЛОК  ПОВЕЌЕ ОД 1050 KWh 

„Ќе го прошириме тарифниот блок три, најверојатно и тарифниот блок четири со што опфатот да биде поголем, за тие што трошат повеќе. А за најранливите категории на граѓани, за луѓето кои што штедат вистински електрична енергија да останат ист тарифен модел и цената на електричната енергија или евентуалната промена на цената да не падне на товар на тие што се во првиот или вториот блок.“ – вели Фатмир Битиќи вицепремиер за економија.

Од Меѓународниот монетарен фонд на владата и порачаа да ги намали субвенциите за електрична енергија, бидејќи на долг рок за државните енергетски компании е неиздржливо. 

„Потребно е дополнително намалување на енергетските субвенции. Иако зголемувањата на тарифите на електрична енергија имаа влијание врз буџетот на домаќинствата, тарифите за електрична енергија и понатаму се високосубвенционирани. Тие не се доволно таргетирани, и ги одземаат ресурсите од другите приоритетни трошења.“ – велат од ММФ.

Од Регулаторната комисија за енергетика се на став дека засега е рано да се прават било какви пресметки, во однос на зголемувањето на цената на струјата за граѓаните од идната година. Во периодот што следи регулаторот треба да пресмета што ќе значи  во сметките на домаќинствата тоа што државата ќе субвенционира 60 отсто од цената која државната ЕСМ ја продава на Универзалниот снабдувач, односно ЕВН Хоум.

Досега државниот удел во цената изнесуваше 80 отсто. А владата дваесетина дена чека одговор од Европската унија, но и од официјална Софија за воведената такса за руски гас. Тие наметнати трошоци од Бугарија дополнително прават притисок врз крајната цена на струјата за домаќинствата. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy