Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ ВО КОЈА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА НАЈМНОГУ РАБОТАТ МАКЕДОНЦИ: Летово се очекува уште поголем број
Регион

ЕВЕ ВО КОЈА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА НАЈМНОГУ РАБОТАТ МАКЕДОНЦИ: Летово се очекува уште поголем број

15/01/2024

AA

Македонските граѓани се трети по број на листата на странски работници во Хрватска. Ова се податоците што ги објави хрватското МВР и според нив, минатата година во оваа земја работеле 13.412 Македонци.

Најчесто, македонските граѓани го поминуваат летото во Хрватска, каде се вработуваат сезонски за време на туристичката сезона, па така ги има најмногу во угостителството, хотелиерството, малопродажбата…

Генерално, македонските граѓани се задоволни од работата таму. Велат дека месечно заработуваат ии до 1.300 евра, а сместување и храна не плаќаат.

„Секое лето одам во Хрватска на 4/5 месеци. Вообичаено, сезоната почнува во април/мај, а завршува некаде во октомври. Јас лично работам кај постари луѓе кои имаат семеен бизнис-пекара. Таму и работам. Сместена сум во објектот каде што е пекарата, бидејќи таму тие издаваат и соби. Дополнително имам бесплатни оброци“, вели Билјана, 28 годишна скопјанка, која секое лето работи во Хрватска.

Инаку, според податоците на хрватското МВР, најголем број работници во Хрватска има од Непал. Веднаш зад нив се Индијците,а освен од Македонија, големи контингенти странски работници во Хрватска има и од Филипини, Бангладеш, Косово, Турција и Албанија. Вкупно Хрватска издала 172 илјади работни дозволи на странци за трајно вработување, што претставува рекорд во оваа држава.

Хрватскиот завод за вработување објави дека најмногу странци имало вработени како градежници, келнери и куварски помошници. По сектори највисока просечно нето плата добивале куварите, по 697 евра месечно. Најмалку платени биле доставувачите-странци кои имале просечна плата од околу 560 евра.

Просекот не е ваден по националноста на вработените странци туку по професија. Најмали плати според хрватските медиумо добивале работниците од Непал. Статистиката е за нето исплатени месечни примања, а на просекот не се додавале платите исплатени на црно, без придонеси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy