
ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома
Општина Петњица во Црна Гора има повеќе жители во странство отколку дома, односно од вкупно 5.552 луѓе, надвор живеат 3.271 жител.
Најголем број од нив се во Луксембург, скоро секој втор жител на оваа општина, односно 1.580 од нив. Околу 600 се во Германија, а имаат луѓе заминати и во Швајцарија, Франција и Словенија.
Втор град со најголем број жители кои живеат во странство е Гусиње. Од 4.662 граѓани, 1.032 живеат во странство, односно речиси секој четврти, а најголем дел се во САД.
Од вкупно 44.017 жители на Црна Гора кои живеат, работат или студираат во странство, повеќе од десет илјади се во Германија, односно секој четврти. Повеќето од нив се жители на градовите Бијело Поље и Рожаје.