Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИНКАСИРАЛА ДРЖАВАТА ОД ПАТАРИНИ: Голем удел има и Отворен Балкан
Економија

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИНКАСИРАЛА ДРЖАВАТА ОД ПАТАРИНИ: Голем удел има и Отворен Балкан

31/12/2024

AA

Oд јануари до 20 декември годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, надополнување преку веб порталот како и од наплата на патарина преку проектот Отворен Балкан во висина од 3.981.392.760 денари, или 64.738.094 евра, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

 Учеството на електронската наплата се движи околу 33 проценти.

– Наша заложба е да го зголемиме овој процент и да направиме  едукација за граѓаните за придобивките од користење на електронската наплата со што значително би се намалило чекањето на наплатните рампи при кеш наплата и со што би се остварил непречен сообраќај без поголеми застои, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Од отпочнување на електронската наплата на 3-ти  јули 2019 до 20-ти декември 2024 година, продадени се вкупно 242.080 електронски уреди од кои, 203.828 М-смарт картички и 38.252 М-таг уреди. За тој период направени се вкупно и 1.842.224 поединечни надополнувања на електронските уреди на различни суми, а вкупната сума за надополнувања досега изнесува 3.509.815.300 денари. 

– Нашиот план е амбициозен во смисла на подигнување на процентот на електронска наплата и зголемување на протокот на возила на наплатните станици и можеби е сѐ уште рано да говорам, но за почеток правиме напори М-смарт картичките да бидат подостапни на возачите, односно да можат да ги набават и поблиску до своето место на живеење, не како што е во моментов само на наплатните станици и кај нас во ЈПДП. Но, за тоа ќе говориме поконкретно кога ќе видиме дека има можности за реализација на оваа идеја, вели Трајановски. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е

26/01/2026
Македонија

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА со реакција за етикетирање медиуми

26/01/2026
Македонија

5 ИМИЊА ВО ТРКАТА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Рокот за

26/01/2026
Македонија

Еден си чувал дрога во кофа во кафуле, а друг

26/01/2026
Македонија

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител

26/01/2026
Македонија

Внимателно возете: Магла на превојот Стража

26/01/2026
Македонија

НОВ ПРОТЕСТ НА КУМАНОВЦИТЕ КОИ РАБОТЕЛЕ ВО ИРАК И ВО

26/01/2026
Македонија

ПАДНАВ НА КОЛЕНА, ПОЧНАА ДА МЕ ГАЗАТ, ПОЧНАВ ДА ПОВРАЌАМ,

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40648
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е ДЛАБОК КОНФЛИКТОТ? На седница за

26/01/2026

Денеска, на Националниот совет за евроинтеграции, каде се презентираа приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ, од СДСМ немаше

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА со реакција за етикетирање медиуми

26/01/2026

Здружението ОНЛАЈНМЕДИА најостро ја осудува денешната прес-конференција на СоцијалДемократскиот сојуз (СДСМ), на која се напаѓаат и клеветат одредени медиуми, од

5 ИМИЊА ВО ТРКАТА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Рокот за пријавување истекува на полноќ

26/01/2026

Пет кандидати досега се пријавиле за нов државен јавен обвинител на Македонија. Огласот, распишан од Собранието, се затвора на полноќ.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy