
ЕВЕ КОЛКУ Е БОГАТ МИЛАН РАДОИЧИЌ ВО СРБИЈА – поседува пет фирми, хотел, вила, но не му недостигаат ни тендери
Пет фирми, деловни простории, хотел на Копаоник, вила во елитен дел на Белград – сето ова во Србија официјално е во сопственост на Милан Радоичиќ, покажува истражувањето на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Радоичиќ, кој јавно ја презеде одговорноста за вооружениот напад на косовската полиција во селото Бањска, сопственоста на тој имот ја дели со бизнисменот од северот на Косово Звонко Веселиновиќ и неговиот брат Жарко.
Само во 2022 година компаниите кои работат на нив заработиле над 24,5 милиони евра, податоците се од финансиските извештаи кои ги анализира РСЕ. Тоа беше нивната заработка по оданочување.
Беа склучени вредни договори со државата – градовите во Србија и разни јавни претпријатија.
Така, работата за изградба на мост кај Краљево, за околу еден милион евра, била договорена со нивната компанија три дена по вооружениот напад на северот на Косово.
Владата на Србија и надлежното министерство не одговорија на прашањата на РСЕ врз основите на кои фирмите на Радоичиќ и браќата Веселиновиќ ги добија тендерите до објавувањето на текстот.
Нема одговор ниту на прашањето дали е прекината соработката со државата откако Радоичиќ беше идентификуван како организатор на нападот во Бањска.
Компаниите во сопственост на Веселиновиќ и Радоичиќ не одговорија на прашања за работењето и имотот.
Радио Слободна Европа
Фото: Принтскрин Алџезеира