
ЕВЕ КОЛКУ ДОСТИГНА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ЗА ЈУЛИ – Статистика со нова пресметка
Државниот завод за статистика денеска ги извади најновите податоци за движењето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во Македонија.
Како што соопштуваат од ДЗС, нето-платата во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 114.6.
Претворено во разбирливи бројки, просечната нето плата во јуни годинава изнесувале 36.527 денари.
Претходниот месец, или во месец мај просечната плата во земајва беше за нијанса пониска и изнесуваше 36.465 денари.
– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,6 отсто), Информации и комуникации (17,9 проценти) и Образование (17,5 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,3 отсто), Рударство и вадење на камен (5,7 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,2 отсто) – се наведува во соопштението на ДЗС.
Фото: Фактор
