
ЕВЕ КОЛКАВ КАПАЦИТЕТ ИМААТ НОВИТЕ ЦЕНТРАЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: Регулаторна со детали
Новите централи за производство на електрична енергија од
обновливи извори што се изградени во последните 19 месеци може да ги задоволат
потребите за струја на близу 120.000 домаќинства.
Во периодот од јануари 2022 година заклучно со јули 2023
година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено
лиценци на вкупно 605 централи со вкупна инсталирана моќност од 316,4 MW.
„Со овој нов инсталиран капацитет што е ставен во
функција во последната година и седум
месеци може да се задоволат потребите за
електрична енергија на домаќинства со просечна потрошувачка од 14 градови од
земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен,
Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино, Гевгелијаи Велес. Станува збор за чиста зелена енергија од Сонце, ветер, вода и
биогас“ изјави Марко
Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Во 2022 година РКЕ има издадено лиценци на 267 централи со инсталирана моќност
од 152,2 MW,
додека од почетокот на годината 2023 до крајот на јули 338 централи со
инсталирана капацитет од 164,2 MW се имаат стекнато со лиценци.
