Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КОИ 5 ЗАНИМАЊА ЌЕ БИДАТ НАЈБАРАНИ: Еден сектор забрзано се развива, погледнете кој
Економија

ЕВЕ КОИ 5 ЗАНИМАЊА ЌЕ БИДАТ НАЈБАРАНИ: Еден сектор забрзано се развива, погледнете кој

12/05/2023

AA

Веројатно никој не е изненаден од фактот што работниците во ИТ секторот ќе бидат најбарани и во следниот период. Сепак, се проценува дека работодавците ќе бараат и продавачи, инженери и занаетчии. Работа ќе има за граѓани од сите степени на образование, а платите ќе варираат – од минимални до неколку илјади евра.

Дури и ако се чини дека секој друг човек е ангажиран во некоја работа во ИТ индустријата, сепак постои висок дефицит.

Овој сектор забрзано се развива, а образовниот систем не може да го следи, па иако квотите за упис се зголемуваат, сепак тоа не е доволно, па работните места за програмирање ќе бидат сѐ уште меѓу најбараните.

Патем, ова е секторот во кој може да се заработи најмногу, така што просечната плата е 1.600 евра, но можете да заработите повеќе од 8.000. Исто така, голем број ИТ професионалци немаат формално образование во оваа област, со оглед на зголемениот број на курсеви.

Контрола на летот

На второ место е занимање за кое е задолжително формалното образование, но платите се повеќе од примамливи, а тоа е контролата на летот.

Платите на контролорите на летање се многу високи, особено кога се споредуваат со просечните.

Занаети

И пред пандемијата имаше изразен дефицит на занаетчии, па дури сега доаѓа до израз.Пазарот на трудот и образованието овде не се во хармонија, но можеби уште поголем проблем е тоа што младите не се доволно заинтересирани.

Така се бараат автомеханичари, столари, пекари, водоинсталатери, молери и градежни работници.

Продажба

Трговскиот сектор е баран изминативе 20 години и нема причина да не се повтори годинава.

Платите во овој сектор варираат. Така, вработените во малите продавници често работат за минимум, но во големите компании месечната плата може да биде далеку над просечната.

Електротехника и машинство

Во иднина ќе бидат барани работници и во електротехничкиот и машинскиот сектор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy