
Еве кој како гласаше за Законот за игри на среќа кој вчера не помина во Собрание
Законот за игри на среќа, со кој требаше казината да се оддалечат на 500 метри од училиштата, не го помина вторoто собраниско гласање откако претходно не беше потпишан од претседателот Стево Пендаровски.
Од Собрание велат дека законот за игри на среќа добил поддршка од 51 глас за, со што не се исполнети условите за усвојување.
„Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас ЗА, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас ЗА, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон.
Констатацијата од страна на претседателот на Собранието при одлучувањето за Законот игри на среќа и забавни игри се однесуваше на мнозинството што е потребно за донесување на овој Закон во редовна постапка“, порачаа од Собрание.
Во продолжение погледнете кој како гласал за овој закон: