Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КОЈ ДОБИВА НАЈМНОГУ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Имаме и губитници чиј буџет се намалува
Економија

ЕВЕ КОЈ ДОБИВА НАЈМНОГУ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Имаме и губитници чиј буџет се намалува

21/11/2023

AA

Кој ќе добие
најмногу пари од буџетот следната година, или кој во државната администрација ќе
има најмногу пари за трошење во текот на 2024 година. Од буџетот за 2024 година
изработен од Министерството за финансии, може да се види која институција колку
пари ќе има на располагање, а грубиот заклучок е дека секаде има раст на
парите, но ова најмногу се должи на најавите за раст на платите во јавниот
сектор.

На врвот на
листата, од инситуции кои добиваат најмногу пари би било Министерството за
финансии, поточно Функции на државата, сектор задлжен за нормално функционирање
на сите институции во земјава.

Имено по оваа
ставка во буџетот се планирани 72.966.351 илјади денари или 1,2 милијарди евра.

Сепак, самото
Министерство за финансии добива само 2.270.763 илјади денари или скоро 37
милиони евра
, и кај нив има значително зголемување на планираниот буџет за
следната година, од дури 20 милиони евра повеќе.

Министерството за
труд и социјална политика има убедливо најголем буџет за следната година
, што е
вообичаено и очекувано, со оглед дека преку нив се делат пензиите, односно дел
од парите одат во Фондот за ПИОМ, но се распределуваат и средствата за разни
социјални трансфери, потоа разни мерки за вработување, а се делат и платите на
вработените во детските градинки…

За Министерството
за труд и социјала се планираат 56.506.668 илјади денари или 919 милиони евра.

По нив следува
Министерството за образовение и наука, кои според планот во буџетот добиваат 35.168.613
илјади денари или 572 милини евра.
 

Меѓу привите пет
инситуции со најголем буџет е и Министерството за транаспорт и врски, кое следната
година на располагање би имало 18.808.935 илјади денари или 306 милини евра.

Сепак, за разлика од плановите за оваа година, Министерството за транспорт би
требало да добие помалку пари отколку што се планирале оваа година, кога
требало на располагање да имаат 324 милиони евра. Ова е очекувано, со оглед
дека преку ова министерство се реализираат капиталните расходи, и со оглед на
податокот дека тие ниедна година не се реализираат согласно плановите, па средствата
се прераспределуваат во сектори каде „најмногу гори“.

По нив на листата
со поголем буџет за следната година е Министерството за одбрана кои ќе имаат на
располагање 20.128.460 илјади денари или 327 милиони евра и кај нив има големо
големување на буџетот
, поради најавите за раст на платите.

Веднаш позади нив
е Министерството за внатрешни работи, за кои е предвидено 13.018.187 илјади
денари или 212 милиони евра
, каде исто така има раст на планираните средства.

Агецијата за
финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој е следна на листата според
планираните средства за следната години. За нив државата ќе одвои 8.417.995
илјади денари или 136 милиони евра.
Но треба да се знае, дека оваа институција
следната година добива помалку пари отколку сумата која била планирана за
тековната 2023 година.

Владата на
Македонија пак за следната година треба да потроши 8.040.143 илјади денари или
131 милион денари.

Министерството за
здравство ќе добие 7.655.098 илјади денари или 124 милиони евра на располагање
,
и кај нив има благо зголемување, бидејќи за оваа година било во план да добијат
112 милиони евра. 

Фактор веќе објави дека властите планираат следната години да ги зголемат трошоците. Најголема ставка на страната на расходите на државата се платите за кои се планираат 670 милиони евра, но голема сума е предвидена и за набавка на стоки и услуги и тоа од 411 милиони евра, додека за социјални трансфери 2,6 милијарди евра.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy