Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КАКВИ ИЗМАМИ ПРАВАТ ПРОДАВАЧИТЕ НА ДРВА: Крадат на кубикажа, граѓаните купуваат воздух!
Регион

ЕВЕ КАКВИ ИЗМАМИ ПРАВАТ ПРОДАВАЧИТЕ НА ДРВА: Крадат на кубикажа, граѓаните купуваат воздух!

29/03/2023

AA

Додека граѓаните на Белград плаќаат повеќе од 100 евра за кубен метар дрва, во Ваљево тоа чини меѓу девет и 10 илјади динари. 

– На почетокот на годината многу луѓе купуваа огревно дрво, некои дури и двојно повеќе, затоа и цените скокнаа, па кубен метар дрва во Белград чини повеќе од 100 евра. Во Ваљево е меѓу девет и 10 илјади динари. Решението е да се зголеми понудата, има државни шуми кои никој не ги користи и оние каде што има многу отпад што може да се искористи за огревно дрво – објасни шумарскиот инженер Драгиќ Томиќ од организацијата Екошум.

-. Побарајте да ги наредат и измерат пред вас и барајте потврда за потекло, бидејќи ако ја немате таа хартија, полицијата може да ви ги одземе, рече тој.

Според него, продавачите на дрва од Колубарскиот крај, каде што има многу шуми во приватна сопственост, не кријат дека најмногу заработуваат од кражби.

– Шемата е разработена, го товарат камионот или трактор-приколката и ги прередуваат дрвата за да има празнини подолу. Купувачот плаќа за воздух. Колку е помало дрвото, толку е поголема кражбата. Често се купува по 10 кубни метри, но испаѓаат осум – објасни Томиќ.

Според него, постојат два начина да се заштитат граѓаните.

– Не плаќајте дрва пред да ви ги донесат дома, наредете ги и измерете ги пред вас. И задолжително побарајте доказ за потеклото, бидејќи може да се случи во дворот да ви дојде републичка санитарна комисија или полициска патрола и ако го немате тој документ, да ви ги одземат дрвата. Ова е според законот – изјави Томиќ и додаде дека последниве месеци се почести инспекциите откако цените на цврстото огревно дрво вртоглаво пораснале.

Томиќ укажа и на се почестите кражби на цели шуми од организирани шумски крадци кои се вистинска мафија.

– Еден наш Ваљевац сакаше да ги пријави во полиција, но тие му рекоа да внимава што прави, бидејќи има деца. И човекот се откажа. Проблемот е што е многу тешко да се докаже кражбата, бидејќи најчесто се работи за шуми на ненаселени места, нема сведоци. Се плашат и селаните што гледаат нешто. Дополнително, треба да платите геодет за мерење на шумата, а тоа чини пари – изјави Томиќ.

Според него, околу половина од вкупната шумска површина во Србија е во приватна сопственост.

– Но тоа се податоци од катастарот, ситуацијата на терен е поинаква. Има случаи каде што е регистрирана шума и таа е ливада, и обратно. Сопствениците на шуми обично продаваат дрва на шверцери и организирани групи. Продажбата обично оди на половина, но сопствениците едвај го добиваат третиот дел. Повеќето сопственици не ни знаат каде им е шумата. Има и организирани кражби, а сопствениците не смеат да ја пријават кражбата бидејќи се плашат од поврзани, организирани шумски крадци – заклучи Томиќ.

Слично е и во Македонија. Измамници речиси цела зима профитираа од граѓаните кои наседнуваа на нивните понуди за однапред плаќање. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy