
Еве каква е состојбата на патиштата низ Македонија
ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ:
Од 13:00 на Пат. правец Кичево-Стража има забрана за движење на ТТМВ.
Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.
Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ
Од 17:20 патниот правец Струга – ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.
Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ ЗИМСКА ОПРЕМА: Обавезно користење на зимска опрема(ланци) од 14:00 на патниот правец Тетово-Попова Шапка.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП„Табановце“ поточно кл.Куманово-кл.Кр.Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.
Задолжително користење на зимска опрема(ланци) од 14:00 на патниот правец Тетово-Попова Шапка.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: На 24.11.2023 година после 23:00 часот на ГП-Долно Блаце, нормализиран е сообраќајот за ТМВ на излез од Р.С.Македонија.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате тука.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
